5 најубави плажи во Барселона: Убавините на Каталонија нудат за секого по нешто (ФОТО)

20 јануари, 2024
foto-screenshot-youtube-4k-walk-5-830x0

Барселона е едно ретките места во Европа каде можете да ги искусите двете најубави нешта кои едно место може да ги понуди – прекрасен град и традиција и најубавите песочни плажи кои сте ги виделе.

Доколку токму овој град ви е на листата на следни дестинации кои ќе ги посетите ова се плажите кои никако не смеете да ги пропуштите:

1. Ако сакате многу луѓе: Barceloneta Beach

Една од најпознатите плажи во Барселона каде лесно можете да стигнете со јавен транспорт што ја прави одлично место за брзо бегство од градската жештина. Напијте се коктел во „Frank’s“ во „Hotel Arts Barcelona“ и уживајте во прекрасниот поглед на позната скулптура во форма на риба на Франк Гери.

2. Ако сакате урбано бегство: Bogatell Beach

Место кое главно е постено од постарото население кое сака да избега од хаосот на „Barceloneta“. Создадена по повод Олимписките игри во 1992 година, оваа плажа ќе ви покаже дека можете да уживате во смиреноста и тишината дури и во толку голем град како Барселона.

3. Најдобро место за семејства: Nova Icaria

Плажата сместена непосредно до пристаништето „Olympic Port“  нуди огромен избор за водни активности и спортови со кои децата може да се забавуваат. Исто така околината нуди огромен број на ресторани, а помеѓу нив не смеете да го пропуштите „El Xiringuito Escriba“, прекрасен модерен ресторан нашироко познат по традиционалните јадења како паелја и морска храна.

4. Најдобро место за релаксација и опуштање: Nova Mar Bella

Едно од омилените места на помладата популација, кое иако е релативно далеку од центарот на градот речиси никогаш не е празно. Таа е исто така една од двете нудистички плажи доколку сте љубители на нудизмот. На само пет минути од плажата се наоѓа Rambla del Poblenou, место каде можете да уживате во храната приготвена од свежиот улов на локалните рибари.

5. Најубавата плажа: Castelldefels

Ако прашате некој од локалните жители кои се најубавите плажи, речиси сите ќе ве упатат на места надвор од градот.„ Castelldefels“ е оддалечена на 20 минути со воз и е одлично место за сурфање на ветер но и со кристална вода од која нема да сакате да излезете.

escort - Korsan taksi