5 причини зошто брачните парови ги избираат Малдивите како дестинација за меден месец

28 септември, 2021
put1-830x0

Иако има многу повеќе причини зошто брачните парови од целиот свет одлучуваат да го поминат својот меден месец на Малдиви, пет од нив се истакнаа како најважни

1. Богат морски живот

Малдивите не се познати само по феноменалните плажи, туку и морето околу островот е дом на многу видови животни.

На крајот на краиштата, што може да биде поубаво за младенците, отколку да седат заедно со часови и да уживаат во прекрасниот поглед на коралните гребени? Покрај тоа, можат да уживаат во магијата на нуркањето, што е една од најпопуларните активности на Малдивите.

2. Разглед на островот

Постојат неколку дестинации во светот што се толку привлечни, толку многу што дури им нудат можност на посетителите секој ден да запознаваат нов остров. Не само што Малдивите вклучуваат дури 1.192 корални острови, туку и многу од нив имаат одлични хотели.

3. Крстарење

Една од најромантичните работи на Малдивите е дефинитивно возење со локален брод, направено од кокосово палмово дрво. Познатиот dhoni, како што се нарекува таквиот брод, е особено привлечен за брачните парови.

4. СПА третмани

Иако не може да се каже дека ова е уникатно искуство, уживањето во разновидни третмани со СПА на Малдивите може да се смета за романтично. Уживањето во СПА центарот со поглед на морето и неговите корални гребени, ќе го направи ова искуство незаборавно.

5. Подводен ресторан

Познато е дека Малдивите се една од ретките дестинации каде што е можно да уживате во рестораните изградени под морето. Вечерата во еден од таквите ресторани може да биде одлично романтично искуство, кое парот ќе го памети долго време.