6 најпознати нудистички плажи во Грција: Рај за оние на кои им пречат костимите за капење

9 јуни, 2021
woman-9186531280-830x0

Бројни заливи и скриени, мали плажи може да се најдат низ цела Грција. Сепак, има и такви за коишто веројатно слушнале сите нудисти

Доколку сте еден од туристите кои сакаат да уживаат во нудизам за време на својот одмор, а сте одбрале дестинација во Грција, вистинско време е да откриете каде се најдобрите нудистички плажи во таа земја.

За среќа, низ цела Грција има бројни скриени заливи и помали, диви плажи, кои можат да ги користат туристите кои сакаат да уживаат во нудизмот, а овие се секако најпознати.

1. Кокини Амос, Матала, Крит

На околу 20 минути пешачење од познатата критска плажа Матала се наоѓа плажата Кокини амос или Црвениот песок.

Имајќи предвид дека е една од најпознатите плажи не само на Крит, туку и во цела Грција, не е ни чудно што ја посетуваат само најхрабрите љубители на нудизмот.

Покриена е со црвеникав песок, па оттука и нејзиното име. Освен кристално чистата вода, позната е и по бројните скриени пештери кои се наоѓаат во близина.

2. Микри банана, Скијатос

На островот Скијатос се наоѓа и плажата Мегали банана, во слободен превод Голема банана. Собира голем број туристи, но оние во костуми за капење.

Плажата чие име е слободно преведена Мала банана е особено интересна за љубителите на нудизмот. Изолирана, мала и опкружеан со бујна вегетација, таа е идеален избор за сите оние кои летуваат на Скијатос, а сакаат да пливаат и да се сончаат како од мајка родени.

3. Супер Парадајс, Миконос

Оваа плажа на островот Миконос е идеална за сите туристи кои не се оптеретени со ништо за време на нивниот одмор. Покрај нудисти, има и посетители во костуми за капење, но и оние топлес.

Најважно е добро расположение што се чувствува на секој чекор. А има и коктели и гласна музика, па доброто време е загарантирано.

4. Веланио, Скопелос

Меѓу многуте феноменални плажи на Скопелос, се издвојува Веланио. И не само затоа што е релативно близу до градот Скопелос, туку и затоа што беше првата плажа на островот што ги прими првите нудисти во 60-тите години на минатиот век.

Една мала патека од оваа плажа води до друга, што може да ѝ се спротивстави по убавина. Тоа е плажата Стафилос.

5. Миртиотиса, Крф

Друга од најпознатите грчки плажи во светот на нудизмот е Миртиотис, на островот Крф. Откриена е од хипиците во 70-тите години на минатиот век, па дури и денес се смета за вистински рај за љубителите на нудизмот.

Сместена е во близина на исто така познатата плажа Глифада.

6. Хилијаду, Евија

Во минатото, оваа плажа на Евија се користела како еден вид база за пирати, а денес стана база не само за љубителите на нудизмот, туку и за камперите.

Тоа е прилично пространа плажа, лоцирана во подножјето на планината Дирфи. Во текот на летото, сè е полно со луѓе, а нудистите го претпочитаат северниот дел на оваа плажа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi