Ајфеловата кула е отворена од денес, следуваат нови мерки

16 јули, 2021
99781648960f13f72e4d6b316285594_690x460

По неколку месеци затворање поради неповолна епидемиолошка состојба.

Ајфеловата кула беше затворена минатата година поради пандемијата, кога француската влада донесе одлука да ги затвори сите места каде што се собираат голем број луѓе.

Сепак, од денес сите туристи ќе можат да уживаат во убавината на најпознатата кула на Светот.

Билетите се веќе распродадени онлајн.

Со почитување на сите мерки

Посетителите на Ајфеловата кула ќе мора да носат маски и да одржуваат физичко растојание.

Новите ограничувачки мерки ќе стапат на сила на 21 јули, така што сите посетители ќе мора да покажат негативен тест, потврда за вакцинација или прележан коронавирус. Ова правило нема да важи за малолетни посетители.

Ајфеловата кула годишно ја посетуваат 7 милиони туристи. Минатата година, сосема очекувано, имаше голем пад на посетители поради ограничувачките мерки и помалку туристи.