Бањајте се со ЅВЕЗДИТЕ: Сјајното море на Малдивите, повторно ќе ве натера да поверувате во магија!

6 јануари, 2021
Ostrvo-Vadhu-800x446

Островот Ваду е познат по својот природен феномен, кој привлекува илјадници туристи годишно
Кога помислувате на Малдивите, веруваме дека во главата имате бесконечни песочни плажи и тиркизно море – скоро би ги нарекле рај на земјата.

И не би погрешиле.

Заглавен меѓу другите острови, тука е и островот Ваду чии плажи стануваат скоро магични во моментот кога заоѓа сонцето.
Имено, „Ѕвезденото море“, како што уште ја нарекуваат оваа појава, е всушност природен феномен што се јавува кога милиони мали микроорганизми доаѓаат во контакт со кислород.


Овие фитопланктони се нарекуваат динофлагелати и тие се одговорни за необичниот синкав сјај во водата, што многумина го споредуваат по убавина – со причина, со поларната светлина.


Сè што ќе допрете, ќе стане светкаво. Ако стапнете на водата со нозете, ќе оставите блескави отпечатоци на плажа.


Сепак, иако динофлагелатите ја емитуваат оваа прекрасна светлина, тоа не значи дека се безопасни. Некои видови произведуваат отрови опасни за луѓето, рибите и другите суштества, а се верува дека сината светлина е еден вид одбрана од предаторите.


Интересно, дури и кога рибите ги голтаат овие планктони, тие продолжуваат да светат и во нивните стомаци. Овие микроорганизми може да се најдат и во вода во некои делови на Калифорнија и Порторико.


Само островот Ваду има само околу 500 жители кои се занимаваат со туризам и риболов.
Исто така, добро е да се знае дека биолуминисценцијата не е ограничена на само една плажа во целиот океан. Благодарение на временските услови и морските струи, ефектот на осветлување може да се појави и на плажите на другите острови на Малдиви.


Сепак, островот Ваду е најчестиот „домаќин“ на овој феномен, па затоа вреди да се посети.