Дали ќе можеме да одиме на море од средината на мај? Омилените дестинации со нетрпение ги очекуваат своите „први“ туристи

12 март, 2021
mallorca-49309421920-830x0

Несомнено е дека туристичките претставници со нетрпение очекуваат пристигнување на гости од странство, но не смееме да заборавиме дека отворањето на земјите за туризам зависи пред се од епидемиолошката состојба.

И додека летото се ближи, а целиот Свет се надева дека оваа година сепак ќе биде можно да се оди на одмор, туристичките места се подготвуваат за пристигнување на туристите.

Во зависност од епидемиолошката состојба, Грција би можела да ги пречека првите туристи веќе на 14 мај. Од друга страна, и Шпанија исто така се подготвува за туристи.

Двете земји беа сериозно погодени од бројот на лица заразени со корона вирусот, како и приливот на туристи во текот на целата 2020 година. Надежта дека во 2021 година туристичкиот сектор „ќе застане на нозе“ не згаснува, исто како и потребата луѓето од целиот Свет да одат на одмор како порано.

Според зборовите на министерот за туризам, Рејес Марото, Шпанија од мај може да работи на обновување на туризмот, со надеж дека дотогаш ќе бидат вакцинирани најмалку 30 до 40 проценти од Шпанците.

Засега, сè е на ниво на планови и претпоставки, бидејќи сè зависи од епидемиолошката состојба и брзината на вакцинирање.

Грците, од друга страна, го најавија „пилотското отворање“ на земјата во април, и нешто пошироко од средината на мај; и двете опции што се „во игра“ ќе зависат и од епидемиолошката состојба.

– Туристите ќе можат да влезат доколку бидат вакцинирани или имаат негативен тест за корона вирусот, односно позитивен за антитела – рече грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, додавајќи дека Светот се приближува до излезот од темниот тунел благодарение на научниот напредок.

– Ниту една слика не може подобро да го прикаже враќањето кон нормалниот туризам од грчката насмевка, грчкиот пејзаж и грчкото гостопримство – истакна Теохарис.

Според него, што се однесува до 2021 година, Грција е повеќе од оптимист:

– Подготвени сме да го споделиме искуството за ослободување од непријатните спомени од пандемијата со секој наш гости.

Минатата недела грчкиот министер за туризам изјави дека земјата им дава предност во вакцинацијата против вирусот корона на жителите на околу 40 мали острови. На островите каде живеат помалку од 1.000 луѓе се Халки во близина на Родос, Кастелоризо крај турскиот брег, Меганиси во Јонското Море и Китира пред Пелопонез. Жителите на поголемите дестинации како Миконос, Санторини и Крф ќе добијат ред кога вакцинацијата против корона вирусот ќе се изврши на најмалите грчки острови.

Грција е една од најпопуларните летни дестинации за туристите во Велика Британија – Британците обично прават повеќе од три милиони посети годишно во земјата, според Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој.

Британците исто така често ја избираат Шпанија како дестинација за одмор.

Хотелиерите во Валенсија веќе имаа рекорден број резервации од Велика Британија во втората половина на февруари, бидејќи, според претходните најави, ограничувањата за меѓународно патување од Велика Британија треба да бидат укинати од 17 мај.

Но, овој датум исто така може да се промени.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris