Долга, песочна плажа, близу до Солун и Кавала, мир и ноќен живот: Сите овие карактеристики на едно место, Аспровалта!

3 април, 2021
foto.-screenshot.-youtube-george-tsompanidis-830x0

Освен околината на ова летно одморалиште, што е особено интересно, несомнено е дека туристите кои сакаат мир и оние кои уживаат во ноќниот живот ќе си поминат убаво тука.

Едно од омилените летни одморалишта на нашите граѓани се наоѓа во заливот Стримоникос, на околу 80 километри од Солун, во правец на Халкидики.

Слободен превод на името Аспровалта би бил Бела долина, а ова интересно место се наоѓа веднаш до летното одморалиште Неа Врасна. Во непосредна близина, на околу 8 километри оддалеченост, е уште едно познато одморалиште во регионот, Ставрос.

Зошто макеонците често ја избираат Аспровалта за нивниот летен одмор?

Иако многу македонски туристи сакаат да го поминат годишниот одмор во регионот на Халкидики, во Централна Македонија има едноставно некои летни одморалишта кои нашите туристи ги претпочитаат повеќе од другите.

Судејќи според бројот на посетители, Аспровалта е дефинитивно летно одморалиште, кое често го посетуваат многу македонски туристи. Во принцип, луѓето кои сакаат вистински одмор сакаат најмногу да одмараат тука, иако подеднакво можат да уживаат и туристите кои сакаат да ја вкусат магијата на ноќниот живот.

Работата е во тоа што Аспровалта во суштина е потивко летно одморалиште, а близината на Неа Врсна, која е поврзана со плажата, ја прави идеална дестинација за љубителите на прошетки покрај море. Само околу половина километар ги дели овие две грчки одморалишта.

Една од причините зошто многу наши туристи го избираат ова место за летен одмор е неговата околина.

Освен местото на Стагира, каде што е роден античкиот филозоф Аристотел, во близина на Аспровалта се наоѓа и летното одморалиште Урануполис, кое се смета за порта на Света Гора. Не треба да ги заборавиме познатите археолошки локалитети на Филипи и Амфиволис, како и Кавала, на кои исто така претежно се организираат екскурзии од Аспровалта за време на летната сезона. Всушност, ова одморалиште се наоѓа, скоро на половина пат помеѓу Кавала и Солун, така што неговата локација е практично идеална за туристите кои сакаат да го запознаат овој дел на Грција подобро за време на нивниот летен одмор.

Иако Аспровалта се смета за потивко летно одморалиште, не треба да заборавиме дека покрај пространата, убаво уредена плажа, има доволно угостителски објекти и дискотеки, што всушност значи дека љубителите на ноќниот живот можат да уживаат тука.

escort - Korsan taksi