Една од омилените дестинации воведува следење на туристите: Ние сме град, а не музеј!

6 октомври, 2021
1631621979-venecija-foto-shutterstock-1-750x489

Венеција, една од најпосетуваните европски и светски дестинации, со години се бори со прекумерен метеж и загадување што останува зад туристите.

Бродовите што секојдневно превезуваа туристи до бреговите на градот што тоне, а со тоа произведуваа штетни бранови, беа забранети минатата година, но градоначалникот Луиџи Бруњаро подготвува дополнителни забрани и контроли за туристите, пренесува Њујорк тајмс.

Конзервативниот градоначалник тврди дека сака да ја спаси Венеција за локалното население и да ја направи удобно место за живеење, а надежта за тоа ја гледа во воведувањето на висока технологија за следење на бројот на туристи кои го посетуваат градот.

Венеција не е град, туку музеј

Планирано е движењето на посетителите да се врши со мониторинг на мобилните телефони и преку сто безбедносни камери, што би требало да ги спречи луѓето да се собираат на венецијанските плоштади. До следното лето, тие планираат да постават мостови преку кои посетителите би можеле да влезат во градот, а туристите што пристигнуваат, еден ден однапред ќе треба да закажат термин. Ако многу луѓе сакаат да влезат во градот во исто време, тие едноставно ќе бидат вратени назад.

“Или сме прагматични или живееме во светот на бајките. Мораме еднаш засекогаш да утврдиме дека Венеција не е град, туку музеј”, тврди уметникот и фотограф Џорџо Сантуцо.

Жителите ја сметаат за „мртов град“

Венеција одамна е мртов град, а локалните жители се очајни поради фактот што мора да патуваат надвор од Венеција за секоја ситница. Дури и поради купување на обична маица, како што велат, бидејќи сите локални продавници продаваат Мурано стакло, кое туристите го купуваат секојдневно од градот.

Исто така, секој ден треба да се занимаваат со постојани прашања од туристите – најчесто каде е плоштадот Свети Петар, дури и без да бидат свесни за фактот дека се наоѓа во Рим.

Иако локалното население делумно се согласува со плановите на актуелниот градоначалник, тие сепак веруваат дека воведувањето на висока технологија би ги украла шармот и романтиката по која е позната Венеција.

„Венецијанската романса одамна исчезна поради целата толпа луѓе. Но, надзорот секако е уште помалку романтичен”, вели Мартин Ван Мероде (32), холандски турист.

„Не ми се допаѓа идејата за постојан надзор, но ако може да ни помогне да го ставиме туризмот под контрола, зошто да не?“, Рече Кристијано Падовезе, келнер во Венеција.

Венеција има 260 илјади жители, а градот годишно губи илјада граѓани . Во исто време, Венеција ја посетуваат 25 милиони