Го нарекуваат „остров на виножитото“, а кога ќе го видите, сѐ ќе ви стане јасно (ФОТО)

Можеби не сте знаеле, но Иран има свои острови. Најубавиот од нив се вика Хормуз и крие неопислива убавина, но поради напнатата политичка ситуација, таа е скоро недостапна за туристите.
Хормуз е наречен и „остров на виножитото“ поради својата живописна природа и се наоѓа во Персискиот Залив.
Огнената црвена земја на островот Хормуз се користеше за уметнички проекти, па дури и неколку кулинарски деликатеси – како што е тенок, крцкав леб посеан со светло црвени зрна прашина.
Островот Хормуз е рај за планинарите бидејќи е украсен со необични карпи кои личат на џиновски школки, како и планини кои изгледаат како да се од Марс. Шарените карпи на Долината на тишината ве оставаат без зборови, пишува avaz.ba.
Прекрасен архитектонски проект на шарени куполи исто така се наоѓа на овој остров. Куполите на Хормуз во форма на сијалица се изградени од локален песок, а нив ги дизајнираше познатиот ирански архитект Надер Калили – специјализиран за изградба на засолништа за луѓе од песок и камен.