Кога ќе заврши пандемијата: Два германски града кои мора да ги посетите!

3 мај, 2021
Screenshot_2

Патувањето е нешто што ни овозможува да ги прошириме нашите хоризонти. Затоа едвај чекаме оваа година да падне во заборав и повторно да започнеме да го истражуваме Светот. Запознавањето на нови места, луѓе, нивната култура, како и обичаите создава непроценливи искуства кои, навистина, ја збогатуваат секоја личност.

Се надеваме дека 2021 година ќе донесе подобри денови, се сеќаваме на нашите омилени дестинации, но исто така истражуваме нови преку Интернет.

Една од дестинациите на кои секогашсе задоволство се враќаме и што навистина вреди да се истражи е Германија. Нејзините 16 федерални провинции, со прекрасни предели, нивната традиција и регионални обележја, кријат многу изненадувања.

Прекрасната германска престолнина Берлин е дестинација во која ќе се враќате одново и одново, исто како Хамбург, поморскиот центар на северот на земјата. Исто така, секогаш тука се и прекрасните Келн и Минхен, но и многу други, помалку познати градови во кои ќе се за љубите.

Франкфурт

Првото нешто што веројатно ќе ви падне на ум кога ќе помислите на Франкфурт е неговиот аеродром, еден од најголемите и најпрометните во Европа. Поради тоа, овој град честопати е само минливо место за многумина, но тој е многу повеќе од тоа. Со целосното име – „Frankfurt am Main“, тој е најголемиот град во државата Хесен и петти по големина град во Германија.

Оваа модерната метропола е дом на третиот по големина аеродром во Европа, како и бројни светски компании. Тука има и банкарски центар, во кој се сместени берзата во Франкфурт и седиштето на Европската централна банка.

Франкфурт е препознатлив по своите високи облакодери, поради што е наречен Европски Менхетен, или, како што велат – „ Mainhattan “. Но, освен модерните, стаклени облакодери, Франкфурт е град со богата историја и традиција, со разновидна културна понуда.

Дрезден, германски феникс

Иако се вели дека многу градови се градови на културата, кога се зборува за Дрезден, тоа не е претерување.

Овој источногермански град, сместен на волшебната река Елба, ќе ве плени на прв поглед со својата убавина и модерен начин на живот.

Голем број туристи доаѓаат во Дрезден поради прекрасниот божиќен саем Striezelmarkt, инаку најстариот Божиќен саем во Германија.

Оваа година не се одржува поради моменталната состојба, но се надеваме дека следната година ќе блесне во полн сјај. Иако беше најбомбардираниот град во Европа за време на Втората светска војна, голем дел од стариот град на Дрезден е реконструиран и обновен, така што тука ќе видите прекрасни историски и културни споменици и градби.

Најпознати меѓу нив се зградата на операта Семперопер, протестантската црква Богородица, палатата Цвингер, како и Кралската палата. Ова се само некои од прекрасните згради што вреди да се видат и посетат, вклучувајќи го и замокот Дрезден од 15 век.