Летањето со балон над Кападокија е неверојатно искуство: Настана случајно, а беше и забрането одреден период

19 февруари, 2021
hot-air-balloon-45640031920-830x0

Ако сте биле во Турција и не сте летале со балон над Кападокија, сте пропуштиле да уживате во еден од најимпресивните пејзажи на Светот

Летањето со балон во Кападокија е авантура што секој турист кој ќе дојде во Турција сака да ја доживее. Дури и цената, која се движи од 100 до 200 евра за возење, не е пречка за оние кои сакаат да се издигнат над прекрасните пејзажи. Но, малку се оние кои знаат дека оваа атракција е создадена сосема случајно, а некое време дури беше забранета.

Првиот лет со балони над Кападокија се случил во 1989 година. Менаџерите на добро познатиот ланец хотели дизајнираа уникатна рекламна кампања за нивните хотели, па затоа увезоа два балони кои летаа како подвижна реклама за „Robinson Lodge “. Една година подоцна, турските власти забранија летови со балони за странци.

Како и да е, во 1991 година се одржа натпревар на професионални пилоти со балони на топол воздух од целиот Свет. После овој прв визуелен перформанс, основана е првата компанија за балони, поддржана од двајца пилоти со еден приватен инвеститор. Тие одлучија да формираат своја компанија која нуди заинтересирани туристи атрактивен лет со балони.

Отпрвин, жителите на Кападокија не гледаа поволно на овој деловен потфат, но, сфаќајќи колкав интерес имаат туристите за балоните, тие се предомислија. Малку по малку, тие самите започнаа да се вклучуваат во овој бизнис, отворајќи компании кои ја даваат оваа привлечна услуга.

Денес ги има 25 компании и сите заедно имаат 250 балони, но, за жал, не секој може да се издигне во исто време. Властите дозволија истовремено „само“ 160 балони да летаат над Кападокија.

Статистичките податоци велат дека во просек, дури 500 000 луѓе годишно во Кападокија уживаат во ова неверојатно искуство, секако доколку тоа го дозволуваат временските услови.

Најдобро време да летате со балон над Кападокија е пред изгрејсонцето. Имено, за да се кренат балони со топол воздух на небото, температурата мора да биде на најниската дневна точка.

Една корпа може да собере од 10 до 28 патници, а летот трае од 45 до 70 минути. Лета на надморска височина од околу 600 метри и се препорачува, без оглед на годишното време кога ќе одлучите да започнете со оваа авантура, да бидете облечени што е можно потопло.

Секој балон се состои од корпа и купола од балон, а балоните се држат во воздухот со разликата во тежината помеѓу надворешниот воздух и внатрешниот врел гас што оди на врвот на куполата на балонот и го крева балонот нагоре.

Кога ќе го завршите летот, добивате потврда дека потврдувате дека летавте со балон над Кападокија, што е најубавата меморија за многу туристи од Турција.

Претприемачки бизнисмени отидоа чекор подалеку, па им понудија патувања со балони на заљубените парови, по специјална цена. Момче кое сака да запроси девојката меѓу облаците треба да плати 1.000 евра за овој романтичен предлог.

Сè уште никој не го одбил вереничкиот прстен понуден на 600 метри над земјата.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum