Најмалиот „град“ во Италија: Место за одмор на прекрасниот брег кое го заобиколуваат туристите

13 јуни, 2021
62103999

И покрај сè, тука нема орди туристи или гужви дури и во сезона. Автентично, слатко, медитеранско – и мирно …

Атрани е мал град на италијанскиот брег Амалфи за кој повеќето никогаш не чуле. Но, само еден поглед е доволен за да се запрашаме: како е тоа?

Сосема нетипичниот изглед на местото веќе треба да се најде на насловните страници и списоците со најубавите плажи, но Атрани успешно се скри во сенката на познатите градови во областа како што се Салерно, Амалфи или Неапол

Малото рибарско село има помалку од илјада жители и лице кое штом еднаш го видите, никогаш не го заборавате. Над него се надвиснуваат две остри карпи, а над плажата има мост и куп шарени куќи со мала тврдина на самиот раб.

Тесните улички и малата област успеаја да соберат жители и неколку плоштади со фонтани и стари барокни цркви од средниот век, и тврдината Торе дело Зиро… Го нарекуваат најмалиот град во Италија, иако технички не припаѓа во категорија градови. Но, барем звучи шармантно.

А стрмните карпи кријат две пештери: едната се вика „куќа на Масаниело“, по човек што наводно се криел од наполитанската војска и другата „Пештера на светците“ која ги зачувувала старите фрески во византиски стил од 12 век.

Самото место има малку „чаби шик“ изглед, што му дава посебна доза на привлечност. Историјата тука датира од самиот почеток на новата ера, кога славната ерупција на планината Везув во ’79 ги уништи блиските римски градови.

И покрај сè, тука нема орди туристи или гужви дури и во сезоната. Автентичен, сладок, медитерански – и мирен. Нека остане така, па ако веќе го „резервирате“ за одмор, не кажувајте никому

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi