Најубавите европски острови за кои можеби не сте чуле

15 март, 2021
патуванје

Најубавите острови често не се оние најпознатите, туку скриените за кои не знае ниту локалното население. А Европа нуди доволно причини да го напуштите континенталното опкружување: од лава-пештера островот Пику до плажите на Пантелерија.

Уживајте во морето, рибарските села и локалните деликатеси кои сè уште не се истражени. National Geographic ги издвои најубавите острови за кои можеби не сте ни чуле.

Пику (Португалија)

Островот Пику се наоѓа во центарот на португалскиот архипелаг Азори. Примамлив е за авантуристи поради прекрасните услови за пешачење, качување и возење велосипед. Архипелагот е познат и по истоимениот вулкан Понта ди Пику, кој воедно е и највисоката планина во Португалија.

Туристите се интересираат за лава-пештерата Грута ди Торес, геолошка формација формирана како резултат на подземниот проток на магма, што научниците го откриле во 1990 година. Плодната вулканска почва е погодна за лозарство, така што Пику е на списокот на Светско наследство на УНЕСКО во Европа поради 990те хектари под лозја кои датираат од 15 век.

Стрејмои (Фарски острови, Данска)

Најголемиот и најнаселениот од 18-те Фарските острови, е островот Стрејмои. Природата на овој остров потсетува на вонземска – без дрвја, обликувани од глечерите. Туристите гурмани одат во Кокс – ресторанот на хотелот „Føroyar“, познат по својата ново-нордиска кујна, чии јадења се разликуваат по локалните зачини што се користат при нивната подготовка.

Муху (Естонија)

Околу 160 километри од Талин во Естонија, на Балтичко Море, се наоѓа островот Муху (достапен преку леден пат во текот на зимата). Муху е враќање во средниот век, со шармантни колиби со сламен покрив, ветерници и надгробни споменици на кои се врежани пагански симболи. Со рибарските села сè уште управуваат врховните старешини.

Мул (Шкотска)

Не дозволувајте уредноста на градот Тобермори да ве измами. Зад неговата фасада на живописни згради се крие диво пространство од мочуришта и езера кои чекаат да бидат истражени. Без разлика дали сакате качување, кајакарење, овој остров е дестинација за вас. Скапоцен камен на овој остров е замокот Дуарт, стар 800 години, дом на семејството Клен Меклин, кој сè уште е во сопственост на истото семејство.

Пантелерија (Италија)

Заборавете на песочните плажи – ги нема на Пантелерија. Оваа сончева идила, чиј редовен посетител е Џорџио Армани, се наоѓа помеѓу Сицилија и Тунис. Наместо лежење на песок, овој остров нуди нуркање во скриени заливи, топли извори за релаксација и доматна паста со билки.

Вега (Норвешка)

Набљудувачите на птици се добро запознаени со архипелагот од 6.500 острови (на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО), јужно од Арктичкиот круг, Вега. Особено поради поларните патки кои живеат тука. Забавата на овој остров лежи во искачувањето и возењето велосипед околу рибарските села и фјордовите на истоимениот, главен остров.

Лопуд (Хрватска)

Многумина ќе ви кажат дека најубавите острови се оние на Јадранот. И западно од Дубровник се наоѓаат Елафитските Острови. Иако повеќе не се населени со елени, овие острови им го должат своето име (грчки елафос – елен). Безгрижен остров во ланецот Елафити, порано бил летно одморалиште за аристократите. Денес, островот е примамлива излетничка дестинација, особено поради плажата Суњ, во форма на потковица. Она што дефинитивно не треба да се пропушти се средновековните урнатини и остатоците од францисканскиот манастир од 15 век во селото Лопуд.

Мегисти (Грција)

Најоддалечената копнена маса на архипелагот Додеканез, во југоисточниот дел на Егејското Море, е сувиот и карпест Мегисти (или Кастелоризо), така што е најмалку посетен во однос на другите острови во овој архипелаг. Шармот на овој остров е Сината пештера која наликува на катедрала – морска пештера, достапна само ако лежите во рамен чамец, како и античките урнатини на тврдините.