Не само Кинескиот Ѕид! И Ченобил може да се види од вселената, но уште десетина други туристички места

25 март, 2021
c150c727220abc9c68acbd9a42e74e7abdbae01a

Покрај многуте големи градови кои сјаат, многу други туристички места ја сменија географијата на Земјата.

Големиот корален гребен

Источниот брег на Австралија е голема атракција за која нуркачите сонуваат. Тука е и познатиот остров во форма на срце. Зафаќа површина од неверојатни 2.300 километри и се состои од група од 900 острови.

Големиот Кањон

Добро е познато дека Гранд Кањонот е најголемата природна атракција во САД. Овој кањон не е најголем и најдлабок, но со 445 километри е јасно видлив од вселената. Туристите обожаваат да одат со хеликоптер од Лас Вегас до кањонот, а се почесто се венчаваат таму.

Водопади Игуасу

Водопадите Игуасу биле именувани на јазикот Гварана и значи „голема вода“. Тие се наоѓаат помеѓу Бразил и Аргентина. Водопадите биле откриени во 1541 година од страна на Алвар Нуњез и се едно од Седумте светски чуда на природата.

Островот Палма

Недалеку од Дубаи се наоѓаат островите Палм Џумеира, Деира и Џебел Али. И сите три се гледаат од вселената. Тие имаат специфичен изглед на палма и зафаќаат површина од 520 километри. На островите има стотици луксузни хотели.

Чернобил

Верувале или не, нуклеарната централа во Чернобил во Припјат може да се види од вселената, но не затоа што е светла. Имено, несреќата е изгасната со помош на песок и вода од езерото што го ладело нуклеарното јадро.

escort - Korsan taksi