(Не)реални! 10 прекрасни плажи кои не се гледаат секој ден

7 август, 2021
61914082

Нашите најблиски мориња имаат прекрасни плажи, но не може да се пофалат со розов песок. Овој природен феномен може да се најде од Италија преку Француска Полинезија до Индонезија.

Розовите плажи се прекрасна мамка за туристите. Бојата на песокот е резултат на мешавина од корали, школки, калциум карбонат, но и микроскопски организам наречен фораминифера, кој има црвеникаво-розова нијанса.

Интензитетот на бојата на плажа зависи од концентрацијата на овие организми. И додека некои плажи имаат само блага розова нијанса, други се експресивни и ја имитираат популарната боја на гума за џвакање.

Погледнете ја нашата фото галерија и видете некои од најубавите розови плажи во светот.