Од пиво, вино и алкохолни пијалоци: Неверојатно село изградено од 25.000 стаклени шишиња

5 мај, 2021
62080806

Градбата толку многу му се допаднала што 66-годишниот Едуардо решил да изгради нешто слично во сопствениот двор. Почнал да тропа на вратите на пријателите, познаниците, но и локалните ресторани за да собере илјадници стаклени шишиња за неговиот проект.

Разгледниците некогаш имаа големо значење и моќ, како за оние што ги испраќаа, така и за оние кои ги примаа. Ова е потврдено со неверојатната приказна за Едуардо Т. Асенол од канадскиот град Кејп Егмонт на островот Принц Едвард.

Во далечната 1979 година, тој добил разгледница од неговата ќерка која била на одмор на островот Ванкувер во Британска Колумбија. Поточно, неговата ќерка му испратила глетка од зачудувачки замок направен од стаклени шишиња.

Зградата му се допаднала толку многу што 66-годишниот Едуардо решил да изгради нешто слично во сопствениот двор. Почнал да тропа на вратите на пријатели, познаници, но и локални ресторани за да собере илјадници стаклени шишиња за неговиот проект. Тој ја поминал целата зима миејќи ги и отстранувајќи налепници од шишињата.

Во пролетта 1980 година, тој започнал да бетонира стаклени шишиња во форма на интересни куќи со димензии 6х4 метри. Неговите стаклени креации го воодушевиле локалното население кое го убедило од сè да направи туристичка атракција.

И така, една година подоцна се родиле Les Maison de Bouteilles или во превод куќи со шишиња. До 1984 година, Едуардо Т. Асенол потрошил повеќе од 25.000 стаклени шишиња со разни бои и големини за да изгради мини село во кое имало таверна и капела.

И четири века подоцна, куќите со шишиња сè уште гордо стојат на островот Принц Едвард во Канада. Деновиве тие повторно се отвораат за јавноста и може да се видат по цена од 8 канадски долари.