10 планински подрачја кои докажуваат дека природата направила рај на Земјата

2 мај, 2021
62073465

По Денот на планетата Земја, издвоивме неколку спектакуларни планински предели што прават вредно да се патува кога секако ќе е можно.

Му Канг Чаи, Виетнам
Полињата со ориз во рамките на планинскиот венец Хоанг Лиен Сон во северен Виетнам изгледаат како некаква сцена од бајките.

Виникунка, Перу
Позната и како „планина од виножито“ или планина Монтана де Сие (планина со 7 бои), Виникунка со право е едно од најценетите природни чуда во Перу и во светот.

Киркјуфел, Исланд
Киркјуфел е најфотографираната планина на Исланд со единствена позиција на полуостровот Снафелснес. Неговиот врв се чини дека излегува од водата, поради што привлекува многу љубители на природата.

Три сестри, Сини планини, Австралија
Карпата Three Sisters е невообичаена форма пронајдена во рамките на Сините планини во австралиската држава Нов Јужен Велс.

Доломити, Италија
Иако сите Алпи се спектакуларно чудо на природата, Доломитите, кои се наоѓаат во Италија, односно во провинциите Венето, Јужен Тирол и Трентино, се издвојуваат во овој планински венец.

Матерхорн, Швајцарија
Списокот на зачудувачки планински области не би бил комплетен без Матерхорн – планина во швајцарските Алпи што се издига на 4478 метри надморска височина.

Андите, Лагуна Колорада, Боливија
Андите се најдолгиот планински масив во светот, кој се протега на околу 7.200 километри во Јужна Америка. Особено убав дел е околу лагуната Колорадо во Боливија – црвено солено езеро што привлекува фламинго.

Национален парк Жангје, Кина
Во центарот на Кина, во областа Сунан и Линза, се наоѓа Националниот парк Жангје познат по своите шарени карпести формации кои се сметаат за еден од најубавите кинески предели.

Фиц Рој, Патагонија
На границата помеѓу Аргентина и Чиле се наоѓа оваа неверојатна планина, која не се заборава откако ќе ја посетите.

Фуџи, Јапонија
Оваа вулканска планина висока 3776 метри се смета за највисок врв во Јапонија и се наоѓа во централниот дел на островот Хоншу.

escort - Korsan taksi