Кога природата ќе ги замеша боите, уметниците занемуваат: Соленото езеро во Кина е најубавата сликарска палета во светот

11 јуни, 2021
0906priroda-kao-umetnost.00022805.still021-830x0

Ова едноставно го одзема здивот

Природата ја имитира уметноста од време на време, а кинеското солено езеро Јунченг го потврдува тоа.

Јунченг е познат како „Кинеското мртво море“ и може да се пофали со убави бои кои потсетуваат на сликарска палета.

Ксијан Зенгјан, научник од Универзитетот Јунченг, многу години го студира и истражува соленото езеро. Тој објасни дека зад калеидоскопот на боите можат да стојат физички, хемиски и биолошки фактори.

– Овој феномен има врска со самата солена вода и временските услови. Неколку фактори влијаат на водата: големината на областа со солена вода, длабочината, географската ширина и транспарентноста на водата влијаат на бојата на соленото езеро. Физички, хемиски и биолошки фактори можат да влијаат на различните бои на езерото. Исто така, под влијание на временските фактори, односно, заедничкото дејство на сончевата светлина и ветерот може да влијае на нејзината боја – објасни Зенгјан.

– Ова е осми пат да дојдам овде. За соленото езеро дознав додека гледав документарец. Локалните жители рекоа дека можете да видите обоен солен рибник во текот на летото, па дојдов да ја искористам можноста и да ја испробам својата среќа. – рече тој.

Соленото езеро Јунгченг се користи за производство на сол.