Покрај прекрасното езеро: Куќа со приватна плажа за идиличен летен одмор (ФОТО)

13 мај, 2021
62086477 (1)

Куќата е украсена со природни материјали и е идеална за романтично бегство за двајца. Има една спална соба, дневна соба со софа, мини кујна и бања.

Езерото Комо (италијански: Lago di Como) зафаќа 146 квадратни километри во Ломбардија, Италија. Тоа е трето по големина езеро во оваа европска земја (зад Гард и Маџоре) и со длабочина од 410 метри е едно од најдлабоките на Стариот континент.

Комо е езеро со глацијално потекло што привлече голем број туристи пред пандемијата на коронавирусот. Интересот не недостасува ниту денес, особено во шармантните места кои овозможуваат приватен пристап до прекрасното езеро.

Како оваа мала куќа во Варена, која е оддалечена околу шеесет километри од Милано. Куќата е украсена со природни материјали и е идеална за романтично бегство за двајца. Има една спална соба, дневна соба со софа, мини кујна и бања.

Исто така постои и ограда со приватен пристап до езерото Комо. Има и лежалки за сончање и уживање во сонцето, како и скара за кулинарски експерименти.