Рајски одмор на розови плажи: Во Европа има само 4 и не се знае која е поубава!

7 април, 2021
landscape-44127841920-620x350

Две плажи со специфична боја на песок се наоѓаат во Грција, една во Шпанија и една во Италија

Некои луѓе сакаат бесконечно долги плажи со бел песок, некои сакаат да лежат на плажа со црн песок, некои луѓе ќе се одлучат за помали или поголеми камчиња, некои ќе изберат камени плажи …

Но, кога ќе ги прашате туристите кои штотуку зачекориле во дваесеттите години, каде би сакале да пливаат и да се сончаат, во повеќето случаи ќе добиете единствен одговор – на розови плажи.

Тиркизно сино море, розов песок, лежалка и чадор за сонце, плус неколку освежителни пијалоци на плажа – ова е идеален опис на рајскиот одмор за младите.

Како се формира розовиот песок?

Постојат неколку теории кои ја објаснуваат оваа појава. Според едната, розовиот песок се формира како последица на дробење парчиња розов корал.

Другата, пак, тврди дека розовиот песок е само оптичка илузија и дека оваа боја ја добива само навечер, кога црвеното сонце почнува да тоне во морето.

Според третата теорија, розовата боја на песокот се должи на фораминиферата – микроскопски организам кој живее во розова обвивка што се меша со розов корал и калциум карбонат.

Индонезија има најмногу розови плажи на Бахамите, додека во Европа има само четири кои можат да се класифицираат како „розов морски рај“.

Плажа Елафониси

Сместена е на Крит и со автомобил е оддалечена час и половина од градот Ханија, но оние што се шлапкаа на оваа плажа велат дека патувањето вреди да се вложи.

На плажата Елафониси во претходните години имаше многу влијатели кои сакаа да ги фатат неверојатните сцени и преминот помеѓу розовата боја на песокот и бесконечното сино на морето.

Сез Илет

Во Шпанија, недалеку од Ибица, се наоѓа островот Форментера. Покрај тоа што скоро никогаш не е гужва, па можете да се опуштите во вистинска смисла на зборот, на островот се наоѓа и плажата Сез Илет, исклучително популарна меѓу европските џетсетери.

Секако, богатите стигнуваат до овој рај на земјата со јахта, а откако ќе пливаат и ќе се сончаат на розовиот песок, одат на ручек во рестораните на плажата.

Балос

Една од најпознатите грчки плажи и е позната по своите мали базени со солена вода и тиркизна вода што го прска розовиот песочен брег.

Островот Балос е познат како место кое го обожаваат романтични парови, а го посетиле и принцезата Дијана и принцот Чарлс за време на нивниот меден месец во 1981 година.

Будели

Розовиот песок што ги краси плажите на овој атол во Италија е поскапоцен од самото злато.

Будели е опкружен со тиркизно море, исполнет со бујна вегетација и пурпурни карпи, а посебна атракција е единствената розова плажа која е вистински бисер на архипелагот Ла Мадалена.

Овој заштитен остров е дом на неговиот чувар кој живее на него, грижејќи се за сите детали.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris