Таа е светски рекордер: Има 22 години и ги има посетено СИТЕ земји во Светот! (ФОТО)

17 март, 2021
8758313953d72b17252ef5530cb1ccd4e510062a

Постави рекорд минатата година, кога имаше 21 година.

Лекси Алфорд е од Северна Каролина и официјално е најмладата личност на планетата што ги посетила сите 196 земји.

Пандемијата се случи додека таа била во Бразил, за време на карневалот, но успеала да патува во две земји, и покрај корона вирусит. Таа поминала две недели во Турција и Ирак.

– Патувам уште од најраното детство, бидејќи мајка ми има туристичка агенција што ја отворила на 19 години и ме носеше насекаде. Таа дури ме „извади“ од училиште да патувам со неа и тоа беше одлично – вели Лекси.

Нејзиниот светски живот започнал кога таа имала 18 години. Завршила училиште и веќе имала 70 марки во пасошот. Тогаш таа започнала да патува сама, заради сопствено задоволство!

– Од 12-годишна возраст сонував дека една година само ќе патувам, без училиште и работа. Собрав многу пари работејќи како дете и тргнав во авантура – истакнува Лекси.

Кога отишла на едногодишно патување, на Интернет трагала по најмладата личност која ги посетила сите земји во Светот. Се покажало дека Џејмс Аскин е Гинисов рекордер кој успеал да го стори тоа на 24-годишна возраст (сега има 32 години). Решила да го победи!

Лекси вели дека од рана возраст работела во агенцијата на нејзината мајка и покрај парите, се здобила и со патничко искуство. Нејзината животна филозофија е дека кога ќе одлучите да се искачите на многу висока планина, треба да гледате само кон врвот, а не зад и покрај вас.

Кои се нејзините омилени земји?

Таа ја сака Индонезија поради нуркањето, а Венецуела поради нејзината прекрасна природа. Пакистан би го ставила на третото место на списокот затоа што најдобро ја пречекале. Египет е на четвртото место поради историјата, а Исланд на на пето затоа што е посебен.

escort - Korsan taksi