За сите љубители на Грција: Топ 7 села кои вредат да се посетат по отворањето на границите

2 февруари, 2021
4822591026017ca68ddb0d010237037_690x460

И додека сјајот на Атина и раскошот на островите и плажите навистина вреди да се посетат, вистинскиот грчки шарм се наоѓа во малите градови на оваа прекрасна земја. Низ цела Грција, вклучително и островите, грчките села се исполнети со сопствена историја, локална кујна, а вклучуваат и различни архитектонски стилови и традиции.

Туристи од целиот свет ја посетуваат Грција од разни причини. Некои се интересираат за Атина, којашто е полна со историски споменици, и реални и митолошки. Други се привлечени од кулинарските авантури, храната и виното, кои се комбинираат со грчките острови и нивните прекрасни плажи.

Ано Сирос

Во Егејското Море, на Кикладите, Ано Сирос се наоѓа над градот Ермуполи. Познато и како Католичка населба, ќе ве маѓепса со своите шармантни улици, прекриени со калдрма и со стрмните скали.

Тесните улички се наоѓаат помеѓу малите плоштади, опкружени со продавници, бутици и кафулиња.

Аполонија, Сифнос

Три часа возење од Атина, островот Сифнос се состои од бројни села, чиј центар е Аполонија. Познат е како тивко гратче, идеално за пешаци.Главните улици се полни со барови, кафулиња, бутици и ресторани, и како најважно, немаат возила.

Централната локација на Аполонија го прави идеално за разгледување на селото и блиските плажи на островот со помош на локален автобуски превоз.

Фискардо, Кефалонија

Селото слично на оние од разгледниците, се наоѓа на островот Кефалонија во Јонското Море, западно од грчкото копно. Иако е една од најпопуларните дестинации за туристите, Фискардо ги задржа своите шарм и убавина. Посетителите ги привлекува палетата на живописни куќи и згради во венецијански стил.

Исто така има многу продавници, грчки традиционални таверни, модерни барови и живописно крајбрежје.

Клима, Милос

Ако барате грчки села со пејзаж како уметничко дело, Клима е вистинското место за вас. Сместено е на островот Милос во Егејско Море и тоа е старо рибарско село.

Ова место може да се пофали и со живописна шарена архитектура, опкружува мало крајбрежје. Иако риболовот е сè уште важен, Клима сега е рај за фотографите, нудејќи нереални бои на крајбрежјето и зачудувачки зајдисонца од плажата.

Ија, Санторини

Сместено на егејскиот остров Санторини, Ија е крајбрежно село што веројатно сте го виделе на фотографиите на славниот Санторини. Светски познато по својата единствена убавина, се наоѓа високо на карпата, обезбедувајќи навистина незаборавен поглед на зајдисонцето.Познатиот филм со Анџелина Џоли во главната улога, е снимен на оваа локација.

Хора, Миконос

Хора е главен град на популарниот остров Миконос, кој е дел од островската група Киклади во Егејското Море. Градот е буквално лавиринт на тесни улички кои се испреплетуваат и ги поврзуваат посетителите. Додека шетате, ќе уживате во најдобрите примери на традиционално варосани домови со живописно насликани врати, прозорци и покриви што ја дефинираат архитектурата на Кикладите.

За време на попладневните часови, градот обично е преполн со туристи кои уживаат во зајдисонцето.

Монемвазија

Убедливо, една од најубавите тврдини во светот, Монемвазија, се наоѓа на југоисточниот брег на полуостровот Пелопонез во јужна Грција. Средновековниот град е познат, пред сè, по својата архитектура и романтична атмосфера.

Интересно е што над 90 проценти од посетителите на Монемвазија се парови, а легендата вели дека венчавка во тврдината носи среќа и брак за цел живот.

escort - Korsan taksi