Кендал Џенер (25) беше фотографирана додека одеше на Пилатес, во Лос Анџелес, а она што го носеше совршено го истакна нејзиното витко тело.
Веднаш по објавувањето на овие фотографии, многумина почнаа да коментираат дека таа е „премногу слаба“ и дека тоа може да се види јасно од одредени агли. Но, тие ја пофалија за опуштеното издание, бидејќи беше фотографирана во домашни влечки и дебели чорапи, а за еден детал ја споредија со нејзината пријателка Хејли Бибер.
Имено, во последно време папараците честопати ја „фаќаат“ во хеланки во кои ја истакнува „шепата на камилата“, што и овој пат и се случи на Кендал. Инаку, Кендал е најплатениот топ модел во светот во моментот, со приход од скоро 30 милиони долари. Според податоците, „тешка“ е вкупно околу 45 милиони долари. Да потсетиме, Кендал неодамна ги отвори вратите на нејзината „златна вила“ во Лос Анџелес, во која се пресели пред нешто помалку од две години.