Долго време се сметаше дека полна месечина ги полудува луѓето, па иако нема да се претворите во врколак, секако има нешто зад таа приказна.
Астрологот од Лос Анџелес, др. Атина Перакис открива како полната месечина влијае на нашето тело и океаните и морињата, а бидејќи нашите тела се полни со вода, јасно е дека тоа ќе нè повлече и возбуди, исто како морето. Еве што друго во врска со влијанието на полната месечина вели др. Перакис.
- ЈА ЗГОЛЕМУВА СЕКОЈА ЕМОЦИЈА
Сите ја криеме светлината и темната страна, а полната месечина ќе ги извади на површина вашите најсилни квалитети и ќе ги зголеми, а исто така може да ги „соголи“ обете страни.
Овен, амбициозен и отворен знак ќе забележи дека за време на полна месечина неговата љубов кон дружењето ќе биде уште посилна. Тие се и тврдоглави, па можни се конфликти. Ако се најдете во конфликт со овен ноќта на полна месечина, смирете се затоа што тие нема да запрат.
- СЕ ЧУВСТВУВАТЕ СЕ „ДВОЈНО“ ПОСИЛНО
Како што може да ги изнесе на површина и силните карактеристики на секоја личност, така и вашите чувства ќе се удвојат. Може да биде добро или лошо, во зависност од тоа како се чувствувате. Скорпијата, на пример, се смета за црн знак на хороскопот, што значи дека полната месечина сигурно ќе влијае на луѓето во тој знак да се најдат на уште поцрно и потемно место. Исто така се смета за најсекси знак, па неговата сексуална моќ ќе биде толку силна што не може да се спореди со ништо друго. Емпатичните риби на тој начин ќе ги отворат своите срца во ноќта на полна месечина и ќе се поврзат уште подобро со другите.
- ЗАВИДНА ЕНЕРГИЈА
Секој знак на зодијакот поинаку ќе го доживее овој наплив на енергија. Лавот ќе реагира поинаку од девицата. Лавот ја сака полната месечина затоа што ќе му ја оживее креативноста, позитивноста и ентузијазмот. Девицата, пак, ќе ужива во деловниот момент, лесно ќе ги организира работите и ќе стори сé што треба.
- ОСВЕТЛУВА
Јасно е дека обезбедува повеќе светлина од другите фази на Месечината, но исто така ќе го осветли „патот“ во форма на свесност и реализација. Девиците нема да уживаат затоа што не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Јарецот е друга приказна – полна месечина ќе им помогне да добијат подобар увид во нивната приоритетна листа.
- ДЕСТАБИЛИЗИРА
Додека Јарецот ќе ужива во успехот што може да им дојде со полната месечина, овој период е стресен и за нив. Целата енергија што ја обезбедува полната месечина влијае на нарушена рутина, а за нив претставува несигурност – што ја презираат. Стрелецот и Водолијата затоа ќе уживаат. Тие сакаат промени, па секој дестабилизирачки момент влијае на тоа дека се подобро расположени.