Македонскиот бенд „Фнк шуи“ ја освои наградата за најдобро фјужн видео за 2020 година за песната „Метеори“ на регионалниот фестивал на кратки музички филмови „Адриа мјузик видео авордс“. На фестивалот што се одржа викендов во вид на две телевизиски емисии, беа доделени награди во 16 категории. Најдобрите, освен признаниja, добија и електрични гитари.
Освен „Фанк шуи“, наградени беа и „Буч Кесиди“ за најдобро видео за песната „Тихо“, наградата за најдоброто рок-видео ја добија „Гоблини“, најдобро видео на нов изведувач е Лу Јакелиќ, најдобро анимирано видео Марина Узелац и други.
Преземено од info.mk