12 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ИСТАТА РЕЧЕНИЦА ЈА СЛУШААТ ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНО: Загатка која ги полуде сите на Интернетот – само 1 одговор е вистинскиот!

16 јуни, 2021
Sta-cujes (1)

На социјалните мрежи ќе наидете на неколку загатки кои ја тестираат не само вашата логика, интелигенција, туку и чувството за вид и слух.

Една од последните што ги полуде сите и предизвика вистинска војна на Интернет е аудио загатка, всушност повеќе илузии.

Корисник на ТикТок по име Киган Стајлс објави видео, но она што е најважно не е што се гледа на него, туку она што се слуша. Всушност, се поставува прашањето што навистина се слуша, што пее хорот?

Киган понуди девет одговори, слушнете и самите и кажете ни – што е тоа што го слушате?

  • That Is Embarrassing
    Bart Simpson Bouncing
    Baptism Piracy
    That Isn’t Mercy
    Lactates in Pharmacy
    Lobsters In Motion
    I’m Chasing Martian
    Rotating Pirate Ship
    That Isn’t My Receipt

Оваа снимка предизвика жестока дебата на ТикТок, бидејќи сите се убедени дека токму тие ја слушаат „вистинската“ реченица. Повеќе од 12 милиони луѓе го погледнаа ова видео, но мислењата сепак беа целосно поделени.

„Што и да прочитам додека ја слушам снимката, тоа го слушам“, објасни еден корисник на оваа социјална мрежа, што е некаде најблиску до објаснувањето дадено од психолозите.

Научниците велат дека ваквите илузии ја нагласуваат разликата помеѓу слухот и слушањето.

Слухот ни е во ушите, но слушањето се одвива во мозокот затоа што тогаш му придаваме значење на звукот, а ваквите аудио илузии можат да нѐ измамат. Затоа, имаме тенденција да го поврземе она што го слушаме со она што го гледаме, објаснија тие.