3 РАБОТИ КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ КАЖЕТЕ НА НИКОЈ, НИТУ НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ: Многумина не се свесни дека вака привлекуваат несреќа

31 август, 2021
Close,Up,Portrait,Attractive,Middle,Aged,Woman,Whispering,Gossiping,To

Според старото верување, откриваме кои 3 работи не смеете да ги кажете на никого, дури ни на најблиските!

Според старите верувања и обичаи, некои работи е подобро да се чуваат за себе. Сигурни сме дека животното искуство ви го покажало ова многу пати досега, и еве што никогаш не треба да им кажувате на другите луѓе, дури и на најблиските.

1. Тајните на другите луѓе

Ако ви е доверена некоја тајна, бидете лојални и доследни, затоа чувајте ја тајната како зеницата во окото. Не е случајно што сте избрани да ја чувате оваа тајна, не треба да ја злоупотребувате довербата и да ги откривате тајните на другите луѓе. Дури и ако некој се обиде да ве изманипулира и ве убеди да откриете тајна, бидете над ова. Дури и ако барањето доаѓа од најблиската личност. Старите велат дека ако ги откриете на тајните на другите, и вашите ќе бидат слушнати и ќе се дознаат.

2. Не ги кажувајте сите детали за вашите планови, деловни идеи, потфати

Ако ги откриете деталите за идните планови, тоа може да ја загрози нивната реализација во иднина. Бидејќи дури и меѓу саканите, може да има крадци на идеи, завидливи луѓе и луѓе со негативна енергија. Таквите луѓе едноставно ќе ви го пресечат патот до успехот со песимизам или едноставно ќе ја искористат вашата идеја пред да успеете да ја реализирате во реалноста.

3. Обидете се дури ни на вашето семејство да не му кажете колку сте среќни и како работите одат на подобро

Среќата сака тишина, не треба да се открива гласно и да се фалите со неа. Ако имате партнер што ве сака, послушни и добри деца и цело богатство – бидете среќни за себе, без да привлечете големо внимание од јавноста. Според старото верување, ако постојано зборувате за тоа колку сте среќни, особено на луѓето што не се, ова фалење може да го сврти текот на судбината на полошо.

escort - Korsan taksi