5 причини зошто не можете да спиете добро: Еве како да ги промените навиките и да го подобрите сонот

25 јануари, 2024
woman-bed-waking-up-830x0

Здравиот сон влијае на нашето целокупно здравје, а несоницата често е причина за раздразливост и нервоза

Ако не спиеме, тоа ќе има лош ефект врз сите секојдневни активности што ќе ги имаме следниот ден, врз нашето расположение, така што луѓето кои не спијат се многу често нервозни и раздразливи. Малку сон, па дури и послаб сон, исто така, ќе ни отежне да се фокусираме на работата и задачите што ни претстојат.

Заморот е една од главните причини за недостаток на продуктивност, а во многу случаи е последица на лош сон.

Лекарите тврдат дека постојат 5 причини кои можат да влијаат на квалитетот на спиењето, но дека има решение за секоја од овие ситуации.

1. Ви недостасува распоред и дисциплина за да одите во кревет

Со цел телото да се одмори целосно, неопходно е да спиете доволно. Основниот услов за тоа е да имате точно организирано време за спиење.

Решение: Легнувајте во исто време секоја вечер, по можност помеѓу 22 часот и еден по полноќ.

2. Осветлување

Дури и најмала светлина од светилка или LED светлина од електрични уреди го попречува спиењето. Колку е потемна просторијата, толку подобро ќе спиете и одмарате.

Решение: Ослободете се од сите извори на светлина или ставете маска за спиење.

3. Бука

Секој звук, без разлика дали е бучава од автомобил или гласен разговор на соседот, музика или тон што доаѓа од телевизорот го спречува телото да се одмори.

Решение: Користете тампони за уши или исклучете ги сите звуци во куќата.

4. Користење на креветот за погрешни цели

Многу луѓе ги користат своите кревети не само за спиење, туку и за работно место, што резултира со намален квалитет на спиењето.

5. Кофеин

Не е тајна дека кофеинот ги буди луѓето, затоа повеќето луѓе пијат кафе наутро. Но, кофеинот, кој буди, не се наоѓа само во кафето, туку и во чајот, чоколадото и некои други производи.

Решение: Не пијте и не јадете храна што содржи кофеин.

escort - Korsan taksi