АМАН, ЖЕНО! Заборавила да стави маска, па ги ставила гаќичките преку носот! (ВИДЕО)

27 февруари, 2021
maska

Подобро нешто отколку ништо…

Жена во супермаркет, која првично влегла без маска, е снимена како ги соблекува гаќичките од под фустанот и ги става на лицето.

Неидентификуваната дама првично била предупредена дека не носи заштитна маска и да го напушти објектот, а таа наместо тоа ги соблекла гаќичките и ги завиткала околу главата. Настанот се случил во Јужна Африка.

Другите граѓани кои купуваа во супермаркет беа во шок, а на снимката се слуша едно лице како ѝ честита за снаодливоста.

„Мене ова ми е легитимно. Бактериите од гаќичките се помалку опасни од коронавирусот“, вели непозната личност на видеото.

Коментарите на Facebook не се толку полни со разбирање.

„Мене ми е лошо од ова. Taa не требаше да биде во продавницата без маска “, гласи еден од нив.

Слични работи се случија во Даблин, кога маж во јавен превоз го завитка лицето со панталоните, а една жена во Киев исто така стави долна облека на лицето.