„Charlie bit me“ оди во продажба: Можеби повеќе нема да имаме можност да го погледнеме уште еднаш ова видео

19 мај, 2021
Screenshot_3

Семејството одлучи да го отстрани виралниот клип од Youtube и да го продаде како NFT

Ако сте биле на Интернет последните 15 години, тогаш веројатно знаете за видеото на двајца браќа во кое помалиот го гризнува постариот – славното видео „Charlie bit me“.

Ова видео има повеќе од 880 милиони прегледи и иако живееме во „вирално време“, скоро и да нема човек на Светот што не знае за „конфликтот“ на овие браќа.

Сепак, можеби нема да можеме повторно да го гледаме ова видео наскоро. Имено, семејството одлучи да го повлече видеото од платформата Youtubeи да го продаде како „незаменлив токен“, односно nefungibilni token (NFT).

Што е NFT?

Nefungibilni token или, во слободен превод, незаменлив токен во дигиталниот свет ќе биде еден вид потврда дека сте сопственик на нешто дигитално или во овој случај видео во кое Чарли го гризнува својот брат Хари. Овој феномен се однесува на трендот на купување „сопственост“ на дигитални дела, најчесто користејќи крипто-валути.

Ова исто така овозможува оригиналната верзија на виралното видео, мем или твит да се продава како да е уметничко дело.

Видеото, кое го обиколува светот од 2007 година, беше објавено на Youtube од таткото на Чарли и Хари, Хауард. Тој го стори тоа затоа што не можеше да ја испрати снимката по електронска пошта до кумовите кои живеат во Америка.

Видеото е направено сосема случајно, додека родителите ги снимаа малечките како се дружат, а одеднаш стана вирално. Главните актери на видеото сега имаат 17 и 15 години, па родителите сметаат дека е време за „нова врска со Интернетот“

– Ова не е крај на виралното видео, повеќе како нов почеток – напишано е на веб-страницата на семејството.

Како што е наведено, оној што ќе ја понуди најголемата NFT ќе има шанса да направи пародија на Чарли и Хари.

Аукцијата започнува на 22 мај и цената може да биде неверојатна.