Дали вашето домашно милениче ве гледа долго? Ова се можни причини

26 септември, 2021
Screenshot 2021-09-26 151109

Имено, кучињата обожаваат да зјапаат во сопствениците

Овој говор на телото кај кучињата е најспецифичен, а истражувањата покажаа дека постојат четири основни причини зошто го прават тоа.

1. Кучето покажува љубов

Кучињата ги обожуваат своите сопственици. И како што љубовните партнери сакаат да се гледаат во очи, така и кучињата сакаат да ја изразат својата љубов и наклонетост.

2. На кучето му треба нешто

Кучето не може да зборува, па го користи долгиот и интензивен позглед за да му покаже на сопственикот дека му треба нешто. Можеби тој гладува затоа што доцните две минути со вечерата. Можеби сака да оди на прошетка. Можеби ја загубил својата скапоцена топка под фрижидерот, а само вие можете да ја дофатите.

3. Сопственикот јаде нешто

Понекогаш единствената причина зошто кучето зјапа во сопственикот е затоа што сопственикот јаде нешто. Ако сопственикот има нешто во устата, кучето сака да го добие. Само затоа што никогаш не пробал чипс во својот живот, не значи дека не сака да ви помогне да ја завршите кесичката веднаш.

4. Кучето е агресивно

Ова не е вообичаено, сепак, може да се случи. Ако кучето навистина зјапа, има вкочането држење на телото и очи кои не трепкаат, тогаш покажува знаци на агресија. Ова може да се случи ако сопственикот посегне по неговата храна или играчка што внимателно ја чува. Во овој случај, треба брзо да биде јасно што се случува.

escort - Korsan taksi