Дали знаете кои се најлошите свекрви во Зодијакот? Ќе се вселат во вашата куќа, ќе ѕиркаат во тенџерето и ќе ви „дрдорат“ за што и да направите

17 февруари, 2021
svekrva-horoskop

Ќе ве натераат да посакате да се разведете!

Секој знае дека снаите и свекрвите често не се согласуваат. Некогаш снаата е таа која не толерира некој да ја „советува“, дури и кога намерата е добра, а некогаш станува збор за фактот дека мајките на машки деца се премногу заштитнички настроени, па никоја од нив е доволно добра за нивното „злато“.

А, ако не сте сигурни каква ќе биде вашата свекрва, прочитајте го овој хороскоп, тој ги опишува најлошите знаци на Зодијакот со оваа титула!

Овен

Најголемиот проблем со свекрвите родени во Овен е тоа што тие знаат сè најдобро и немаат воопшто такт. Тие веднаш ќе ви „плеснат“во лице она што не го сакаат и ќе ви објаснат како точно се готви тоа јадење или на кој начин е најдобро да се исчисти рерната. Таа е енергична и лесно избувнува, но за среќа не трае долго. Добрата страна е што не е зло, и навистина верува дека сето ова го прави за да ви помогне. Ако сакате да ѝ кажете дека сепак „ќе правите подобро по свое“, сторете го тоа преку шега и таа нема да се налути.

Лав

Ако вашата свекрва е родена во овој знак на Зодијакот, само давајте ѝ комплименти. И покрај тоа што сте најмалку 20 години помлада од неа, никогаш не ја потсетувајте дека остарела или ја изгубила убавината. Таа мора да биде најубавата жена, највредната домаќинка, најпожртвуваната мајка, а со тоа и најдобрата свекрва. Ако играте според нејзините правила, таа ќе биде многу дарежлива. Свекрвата Лавица не „замара“, но лесно се навредува. Добрата страна е што има весела природа, па можете да ја освоите и таму.

Девица

Ако уредноста и хигиената во куќата не ви се јака страна, тешко дека ќе имате добри односи со свекрвата Девица. Првиот услов за добро да се согласувате е вашата куќа да блесне, сопругот секогаш да е пеглан и чист, а вие да сте негувани. Немојте да мислите дека ќе ја „купите“ ако само првично се поставите како чистачка. Таа постојано ќе ве следи, ќе ви укажува на вашите грешки и ќе ве поправа. Од друга страна, ако ви треба помош, можете да сметате на неа. Ако ѝ покажете љубов, ќе бидете многу среќни со оваа врска.

Скорпија

Клучната работа со свекрвата на Скорпија е да бидете искрени. Таа ќе го препознае секое преправање, а ако тоа се случи, не само што ќе ви биде тешко да го поправите односот, туку и ќе ве мрази засекогаш. Ќе ве почитува повеќе ако ѝ се спротивставите отколку да ја озборувате зад грб. Само внимавајте, Скорпиите можат да бидат многу суетни, иако не се злобни, па затоа е подобро да се најде рамнотежа помеѓу искреноста и критиката. Добрата страна е што таа е многу несебична, но за возврат го бара истото.

Риби

Може да очекувате свекрвата Риби да се всели во вашата куќа додека да трепнете. Таа е болно врзана за нејзиниот син, тој е сè во нејзиниот живот и, иако нема да ви пречи, таа ќе се наметне како личност која најдобро знае што му треба. Кога ќе ви донесе ручек, тоа не е затоа што не знаете да готвите, туку затоа што таа најдобро знае што сака нејзиниот син. Таа е толку посветена што кога ќе ве запознае ќе го стори истото за вас. Ако не ви пречи постојано да виси околу куќата, идеално е – секогаш ќе имате готов ручек, а домот ќе блесне.