Дали знаете на кој јазик зборувале Адам и Ева?

27 март, 2021
70f9e3f6ca50e59126e883bec82c5b9aa90da1ea

Енохискиот е наречен и „ангелски јазик“ на првите луѓе.

Називот „Енохински“ потекнува од библиското име Енох, кој бил татко на Метузалем и кој бил „земен на небото“ без да умре. Наводно, овој мистериозен начин на комуникација на луѓето им бил даден од самите ангели.

Во приватните дневнички записи на математичарот, астрономот и астрологот Џон Ди (кој подоцна се сврте кон магијата) и неговиот колега Едвард Кели, направени во Англија од 16 век, може да се најде чудна азбука со уште поневообичаени зборови. Кели беше спиритуалистички медиум кој изведуваше магични ритуали со Ди, особено т.н. Енохиска магија.

Граматиката е слична на англискиот, а буквите изгледаат познато

Енохиската азбука не е поврзана со ниту една од претходните и има своја синтакса и граматика, и со текот на времето стана класична магична метода. Синтаксата и граматиката се слични на англискиот јазик, а буквите се симболи, од кои некои изгледаат познато, додека други личат на самовили или руни, при што секоја буква одговара на планета, елемент и тарот и има нумеричка вредност.

Во тоа време се сметало дека некој што зборува ангелски јазик исто така може да комуницира директно со нив. Ди во својот дневник напишал дека Бог „испратил ангели директно до него“ како би комуницирал со нив. Неколку години по таа забелешка, тој се здружил со гатачот Кели кога тие целосно го „примиле“ ангелскиот јазик.

Христос зборувал на истиот јазик

Со текот на годините, тој јазик стана средство за изведување магични ритуали, иако неговата автентичност е доведена во прашање. Џон Ди дури изведувал ритуали-експерименти пред кралицата Елизабета. Ди и Кели тврделе дека тој бил првиот јазик што го зборувал Бог-Христос, т.е. оној со кој разговараалеАдам и Ева. Со своите настапи, Ди дури стигна и до позицијата советник на кралицата.

Дел од записите на Ди се изгубени со текот на времето, па автентичноста на останатите е доведена во прашање. Некои луѓе кои се занимаваат со магија веруваат дека овој јазик е навистина најстар во светот.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi