ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ЗНАЧИ ЗБОРОТ АБРАКАДАБРА? Се поврзува со МАГИЈАТА, а еве кога за првпат е споменат!

18 март, 2021
305559_woman-silhouette-3202082-1920_f

Сигурно сте го слушнале или сте го изговориле овој збор како дете. Веројатно многумина од вас не знаат што значи зборот абракадабра и од каде потекнува. Ние ќе ви откриеме што значи, односно значењето, како и потеклото на овој интересен збор

Кога денес ќе се каже „абракадабра“, прво помислуваме на магионичари, трикови и наивна забава. Сепак, се чини дека порано, овој збор имал многу поголемо значење, иако не се знае точно од кој јазик потекнува.

Зборот „абракадабра“ се поврзува со магијата. Се верува дека за прв пат се споменува во делото „Liber medicinalis“ од римскиот лекар и мудрец Квинтус Серена Самоник, во третиот век од нашата ера. Веројатно е дека тој самиот не го измислил зборот, туку дека бил користен многу порано и кај Римјаните и кај Грците.

Овој римски лекар наведува дека зборот „абракадабра“ е лек за непознати, смртоносни болести; треба да биде напишан на парче пергамент, завиткано во парче ленено платно и да се носи околу вратот како амајлија. Притоа, зборот треба да биде напишан во редови, секој пат со една буква помалку на крајот, во форма на превртен триаголник, во кој само буквата „а“ е во последниот ред.

Се верувало дека овој необичен збор треба да ве штити од зли духови кои предизвикуваат болести и да ги повика оние добрите, кои имаат заштитна улога.

Постојат неколку теории за потеклото на зборот „абракадабра“. Според едната, тој доаѓа од арамејскиот јазик, од зборот „авра кадавра“ што значи „создавам додека зборувам“.

Според втората теорија, потекнувало од грчкиот „абраксас“ – како што го нарекувале богот членовите на гностичката филозофија, а со помош на грчката нумерологија бил напишан како 365, т.е. според бројот на денови во годината.

Една теорија објаснува дека „абракадабра“ потекнува од кратенката на зборовите за Отецот, Синот и Светиот Дух, од “Ab, Ben, Ruach hakodesh”.

Според некои сведоштва, Римјаните носеле амајлии како оние од текстот на Серена Самоник, верувајќи дека лекуваат болести „извлекувајќи ги“ со повторување и скратување на зборот. Во 17 век, во „Мачното патување на капетанот Едвард Фентон“, Ема Тејлор напишала дека двесте луѓе биле излекувани тка што им биле ставени „абракадабри“ околу вратот, а еден век подоцна нешто слично спомнал и Даниел Дефо во „Дневникот од годината на чумата “”.

Иако овој метод на „лекување“ бил изгубен во 19 век, останувајќи во доменот на волшебни трикови, тој бил користен од некои современи езотерични организации во нивните ритуали.

escort - Korsan taksi