ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ПИЦАТА: Дали знаете кога е создадена и во каква форма?

9 февруари, 2021
ad3054bbefeabe2f05f054ac99f5d34115f3bf86

Со сирење, шунка, печурки, зеленчук, туна, ананас… Можеме да подготвиме пица со безброј додатоци, на различни начини, а денес е идеален ден да ја нарачате или да ја направите дома – затоа што го слави својот ден!

Може да се каже дека пицата во својата прва форма потекнува од 10 век, во Неапол. Луѓето подготвуваа погача со сос од домати и малку рендано сирење.

Како што го знаеме денес, создадена е во 1889 година, а оригиналниот рецепт – сос од домати, моцарела, оригано и босилек – се смени од култура во култура.

Така во Јапонија сакаат да додаваат лигњи и мајонез, на Хаваите ставаат ананас, а новина е киви како додаток. Иако се смета за нездрав оброк, а просечната енергетска вредност на две големи парчиња пица е приближно 744 калории, експертите откриле дека јадењето пица еднаш неделно го намалува ризикот од рак благодарение на сосот од домати што содржи ликопен – веројатно најсилниот антиоксиданс – и сирењето калциум и калиум.

Најголемата пица некогаш била направена во Јоханесбург во 1990 година – потребни биле 500 килограми брашно, 800 килограми сирење и 900 килограми сос од домати. Беше широка дури 37,4 метри.

Тој рекорд еден американски сопственик на ресторан го надмина 15 години подоцна. Со помош на 200 луѓе, тој направил пица во која имало 1.800 килограми сирење и 317 килограми сос. Со своето ремек-дело го нахрани секој жител со дури 10 парчиња!

Иако претежно ова брзо и лесно јадење е ефтино, во ресторанот „Белисима“ во Нино во Њујорк, една пица ќе ве чини 1.000 долари, или околу 5.000 денари.

Многу луѓе страдаа поради ова омилено јадење во последно време. Некои паѓаа на скалите додека вршеа достава, некои се сечеа на машина за пица, а бројот на повреди се зголемуваше од година во година. Исто така, се покажа дека повредите се случуваат најмногу на овој ден, Светски ден на пицата, 9-ти февруари.

escort - Korsan taksi