Добри вести за ЛАВОТ, ВАГАТА, ДЕВИЦАТА и ВОДОЛИЈАТА: Кога овие два знака ќе се спојат – се создава магија!

13 мај, 2021
profimedia-0284069051

Прекрасно…

Некои астро комбинации се подобри од останатите, но, според астролозите, ова е најдоброто нешто што може да се случи кога станува збор за љубовта.

Лав и Вага

Двајцата се најинтересните знаци на Зодијакот. Гордиот Лав ужива во љубовта со која Вагата великодушно го опсипува. Сепак, Вагите ја наметнуваат и својата силна личност.И двајцата знаат да бидат нежни, а во општеството се внимателни и кон останатите и едни кон други. Нивните животи на моменти можат да бидат навистина гламурозни, а бидејќи уживаат и двајцата, нема конфликт.

Вагите нема секогаш да ја кријат својата посесивност, но доминантниот Лав не обрнува внимание на ваквите ситници. Што е најважно, обајцата се крајно комуникативни и тоа е тајната на нивната вечна љубов – каков и да е проблемот, двајцата ќе го решат со разговор.

Девица и Водолија

Врската и хармонијата меѓу Девицата и Водолијата е напишана во ѕвездите, пред сѐ затоа што тие се разбираат околу главните прашања во животот. Водолијата лесно е подложена на неодоливата привлечност на Девицата, нејзиниот ум за разбирање, уреден живот и околина, а Девицата секогаш знае како да ѝ угоди на Водолијата, бидејќи магнетично ја привлекува сонувачката природа на овој воден знак.

Двата знаци уживаат во интелектуалните дискусии, секогаш заинтересирани за нови идеи и концепти. Секогаш кога ќе дојдат тешки времиња, овој пар е подготвен да најде решение. Секако, ако Водолијата започне да дели лекции, како што понекогаш знае, Девицата ќе се згрози. Но, дали овие ситници ќе ги распарчат? Воопшто не.