Еден американски професор тврди: Ја разоткрив мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

19 јануари, 2021
проф

Истражувањето на професорот Бауер, објавено во научно списание, припаѓа на последното во низата трудови што укажуваат на тоа дека интересот за чудовиштето од Лох Нес не престанал.


Еден американски научник тврди дека ја разоткрил мистеријата за чудовиштето од Лох Нес. Имено, тој верува дека „чудовиштето“ е всушност вид морска желка. Истражувањето на професорот Хенри Бауер вели дека Неси припаѓа на неоткриен вид желка која била „заробена“ во езерото откако водата се повлекла на крајот на последното ледено доба.

Самопрогласен фанатик за мистеријата во Лох Нес ја отфрли идејата дека суштеството во езерото всушност било диносаурус.

– Начинот на кој е опишано чудовиштето од Лох Нес веќе е виден во описот на многу видови желки како што е можноста да дишат воздух над вода, како и во вода, поминување време во длабока вода, но и движење по земја, можност за брзо движење во вода, како и можноста да се биде активен во многу студени води и релативно долги вратови.

Видот чудовиште од Лох Нес допрва треба да се открие и има многу сличност со видовите големи морски желки што постојат во одредени делови на океанот, рече професорот.

Истражувањето на професорот Бауер, кое е објавено во научно списание, припаѓа на последното во низата трудови што укажуваат на тоа дека интересот за чудовиштето од Лох Нес не престанува.

– Сите индикации се дека станува збор за животни кои поголемиот дел од своето време го поминуваат во најдлабоките делови на Лох. Нема докази што сугерираат дека станува збор за монструозно големи јагули – забележува пензионираниот професор.