Ел Чапо е мало бебенце за овој дечко: Тој ископал тунел до куќата на својата љубовница, а потоа бил фатен од нејзиниот сопруг!

3 јануари, 2021
love-tunnel-750x452-1

Фотографиите од „љубовниот тунел“ се појавија на социјалните мрежи во Мексико и брзо станаа вирални

Оженетиот Мексиканец мораше да и објасни многу работи на својата сопруга кога сопругот на љубовницата го фати покрај дупката покрај куќата, за која подоцна се покажа дека е всушност тунел што ги поврзува нивните домови.

Мексико инаку е познато по мрежата на тајни тунели кои нарко картелите ги користат за транспорт на дрога, но се чини дека некои ја користат оваа докажана техника кога станува збор за вонбрачни работи.

Ѕидарот Антонио имал афера со омажената сопруга Памела. За да се осигура дека никој не го види кога ја посетува, тој започнал да копа подземен тунел што се протегал од неговиот дом до неговата љубовница. Тој го искористи своето градежно искуство да ископа тесен, но издржлив премин што минуваше низ неколку улици.

Кога го ископа тунелот, можеше тајно да се сретнува со својата љубовница додека нејзиниот сопруг Јорге е на работа. Сепак, тие не сметаа на тоа дека тој ќе се врати дома порано еден ден од вообичаеното.

Го признал неверство по борбата

Еден ден, додека Антонио и Памела биле заедно Јорге ги пронашол во кревет и останал шокиран. Ѕидарот, наводно, се обидел да се скрие од лутиот сопруг, па тој се вовлекол под креветот во неговиот таен ‘љубовен тунел’.

Но, на негова несреќа, Јорге го најде влезот во тунелот, се завлече во него и заврши во куќата на Антонио, каде очајниот ѕидар го молеше да не зборува ништо затоа што неговата сопруга беше во друга просторија. Ова уште повеќе го разбеснило другиот човек, па се скарале.

Кога шокираната сопруга го видела нејзиниот сопруг како се бори со непознат маж, таа повикала полиција, па Антонио немал друг избор освен да го признае своето неверство.

Фотографиите од „љубовниот тунел“ наскоро станаа вирални на мексиканските социјални мрежи, а приказната заврши во медиумите ширум светот. Антонио многумина го споредуваат со нарко босот Ел Чапо.