Фијаско на “големата сила” на градскиот плоштад во Скопје

12 мај, 2021
фијаско на големата сила на градскиот плоштад во скопје

По повод 9 Мај – Денот на победата, се одржа воена парада на Црвениот плоштад во рускиот главен град Москва. Истиот ден, амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија со прикажување на документарен филм ја одбележа 76-годишнината од победата на Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна на градскиот плоштад во Скопје. Она што е интересно е дека за разлика од големата посетеност на Црвениот плоштад во Москва, во Скопје речиси остана и незабележителен настанот кој броеше многу мала посетеност, освен од случајните минувачи.

Погледнете во прилог фотографии од настанот.

За време на прикажувањето на годинешната парада на екранот на градскиот плоштад во Скопје, над претставниците од Руската амбасада леташе дрон со натпис “Путинизам”. Иако Руската Федерација има голема историја, традиција и култура, банерот со натпис “Путинизам” веројатно укажува на агресивната руска надворешна политика.

Банер кој ја истакнува руската агресија врз Крим.

Случајните минувачи пројавија поголем интерес за флаерите во кои се наоѓаа карикатури отколку за следење на самиот настан на плоштадот.

Меѓу останатото, протестирачите имаа поставено и кукла од Путин што држи новичок пред банерите кои ги отсликуваат нападите под водство на Путин во светот и со самото тоа го чинат небезбеден.

Руската хибридна војна допринесува никој да не се чувствува безбеден од хакерски напади или труење било каде низ Европа.

Карикатура од последниот случај на труењето на активистот и опозиционер Алексеј Навални, кој е следен?

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi