Ги има само 20% од населението: Зошто ДУПЧИЊАТА НА ОБРАЗИТЕ се толку посебни?

27 август, 2021
f1ea85d2297d5a0932102d42e9730bef11f53999

Дупчињата на образите се симбол на слаткост, шарм и милина. За други, тие се симпатични, привлечни и убави, а се посебни токму затоа што ги имаат многу малку луѓе…

Само 20 проценти од населението има дупчиња на образите. Долго се сметало дека се наследни, но современата медицина докажува дека не е баш така.

Ако двајцата родители имаат дупчиња на образите, тоа не значи дека нивното дете ќе ги има сто проценти. Професорот Џим Мекдоналд од Универзитетот во Делавер верува дека дупчињата се уште се една голема мистерија.

Тоа всушност е природен дефект на големиот јаболчен мускул. Обично ги гледаме кога луѓето се насмевнуваат како вдлабнатини во кожата на образите.

Повеќето луѓе имаат две дупки, по една на секој образ, и многу ретко се случува да имаат само една.

Постои теорија дека тие служат за полесно препознавање на чувствата на нивните сопственици. Порано дупчињата биле толку популарни што луѓето се обидувале вештачки да ги направат. Затоа биле направени уреди како машината за дупки. Направена е во 1936 година, но наскоро се покажала како неуспешна, пишува 24sata.hr. Денес, можно е да ги направите со козметичка процедура.

Луѓето со дупчиња се покажаа како упорни и сигурни. Го живеат животот во потполност. Тие се одлични пријатели затоа што се многу сочувствителни и грижливи, па секој сака да ги сподели своите проблеми и среќа со нив.