ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК, 11 МАРТ: Овенот ќе има ненадејна средба што може да се претвори во романса; Рибите треба да станат сериозни или ќе има конфликт

11 март, 2021
19484_depositphotos-91758114-xl-2015_f

ОВЕН

Ненадејна средба отвора можност стар познаник да прерасне во романса. Трпеливо надминете ги можните потешкотии на почетокот бидејќи сè ќе изгледа многу хаотично. Во текот на вечерта пристигнува неочекуван пресврт што ќе ве потресе.

БИК

Заплеткани сте во еден маѓепсан круг. Решението е точно пред вашиот нос, но вие упорно се држите до старата приказна што ја оправдува целата блокада во која се најдовте. Одговорноста ја ставате на своите блиски, превидувате дека вие сте креаторот на вашата среќа, а не тие.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот љубовен живот го пресметавте математички, па според вас, нема шанси работите да не бидат како што сте ги замислувале. Занемарувате дека не е лесно да се предвиди развојот на настаните, особено ако емоциите се вклучени во односите.

РАК

Им давате премногу значење на луѓето кои ве осудуваат само од сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Ако го игнорирате она што другите го зборуваат, ќе сфатите дека на вашата љубовна врска не ѝ недостасува ништо.

ЛАВ

Ве привлекува личност со која љубовната врска е невозможна. Страсното расположение го претворате во креативност, која ве исполнува со скапоцена енергија. Одлична мотивација ве инспирира за одлични деловни потези што ќе ви донесат чувство на вистинско задоволство.

ДЕВИЦА

Не е добар ден за договори. Одложете за некое време, бидејќи ако започнете нови преговори сега, може да ве очекуваат големи компликации. Во моментов, подалеку од вашиот видик се информации што се клучни за вашиот проект.

ВАГА

Обврските бараат концентрација и целосна ментална посветеност од вас. Фрустрирани сте од конфликтот помеѓу должноста кон другите и потребата да се задоволите себе си. Доколку најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчевите, а со тоа и од непријатното чувство дека сте искористени.

СКОРПИЈА

Транзитите укажуваат на можност за влегување во конфликт со најблиските. Кризата во семејството може да трае ако не се потрудите и не преземете конкретни чекори, дури и ако тие се непријатни за вас. Запомнете дека тие не се ваши непријатели.

СТРЕЛЕЦ

Опседнати сте со идејата да започнете приватен бизнис. Тесните односи со шефовите и лошата атмосфера во околината можат да постават тим од луѓе со кои е возможен независен бизнис. Запомнете дека онаму каде владее интересот, љубовта и сочувството спијат.

ЈАРЕЦ

Доколку имате проблематични односи во работната средина, овој ден ви носи вистинско откритие. По прераспределбата на должностите, добивате неочекуван стимул од личност која досега не била пријателски насторена кон вас.

ВОДОЛИЈА

Вие сакате конкретни работи. Сè околу вас е здодевно и не знаете за што да се фатите и тоа да го прогласите за водечка sвезда денес. Досадно ви е од работата, а ниту односите не се подобри дома. Не се откажувајте, меланхолијата е минлива, исто како и овој ден.

РИБИ

Премногу сте ноншалантни во љубовните односи. Вашиот копнеж за слобода може да биде причина за непријатни дискусии. Ако не станете сериозни и не прифатите критика, едноставна дискусија може да прерасне во сериозен конфликт проследен со поделба.

escort - Korsan taksi