И ДОМАШНИТЕ РАБОТИ ТРОШАТ КАЛОРИИ! Најлесниот начин да ја средите фигурата без да одите во теретана

6 октомври, 2021
266951_carpetappliance-carpet-chores-38325_f

Ако сите членови на едно семејство знаат дека чистењето на куќата е исто така добар бесплатен тренинг, никогаш нема да има хаос и никој нема да има проблеми со формата. Ова го потврдија германски експерти

– Со просечно чистење на станот, лесно можете да согорите повеќе калории отколку за време на кратко вежбање – вели фитнес тренерот Хенри Циплајевс, кој им порачува на сите скептици да не ги потценуваат придобивките што би можеле да ги имаат од не толку омилените домашни работи.

– Најдобар начин да се натерате да исчистите се е да пуштите музика што ви одговара и малку да заиграте по пат, па тешко дека ќе забележите дека всушност го чистите станот – вели Циплајевс.

Тој тврди дека е одлична алтернатива ако не сте склони да се занимавате со некои спортови.

Заедно со неговиот тим, по истражувањето, тој пресметал колку калории се губат за одредени активности.

– За еден час бришење на прозореците, може да согорите 300 до 500 калории, а повторувачките движења се корисни за мускулите, бидејќи делуваат како истегнување. Додека чистите, понекогаш ќе мора да се наведнате, а потоа повторно да станете, а тоа има ефект на чучнувања. Само 15 минути со правосмукалка во станот согоруваат околу 200 калории, додека триењето на плочките, на пример, може да согори околу 100 калории за исто време, истовремено зајакнувајќи ги бицепсите – вели Циплајевс.

За оние на кои им е тешко да одлучат да вежбаат, тој препорачува да пешачат секогаш кога можат.

escort - Korsan taksi