Идеален партнер според Зодијакот: Лавиците сакаат харизматични, Рибите нежни, а Скорпиите страствени мажи

19 февруари, 2021
love-49716451920-830x0

На каков маж ќе му го дадете своето срце?

Овен

Потребен ви е маж кој може да се справи со силна и страсна жена, оној кој е опседнат со вас и кој ќе ви го направи животот повозбудлив.

Ве привлекуваат авантуристи кои нема да ја „задушат“ вашата потреба за слобода.

Бик

Вие барате маж кој ќе ви даде сигурност и топлина. Би било идеално ако тој е спонтан и романтичен, вреден и финансиски ситуиран – таков нема да пропуштите.

Близнаци

Вашиот немирен дух бара маж кој ќе ве забавува нон-стоп и кој ќе има доволно енергија да ве следи. Идеалната „втора половина“ исто така мора добро да ве разбере и да не ја попречува вашата желба за постојани промени.

Можете да прифатите сè, но монотонија – не!

Рак

Потребен ви е партнер кој ги разбира сите промени во вашето расположение. Тој мора да ја разбере вашата чувствителност и да се обиде да ги разубави вашите денови со ситници.

Исто така, тој мора да ги сака вашите каприци и минус фази, бидејќи тие исто така се дел од вашата личност.

Лав

Вие сте толку силни и самосвесни што не можете да бидете среќни покрај маж кој не е рамен на вас. Вашата идеална „втора половина“ е харизматичен, успешен и цврст човек кој е свесен за своите квалитети, исто како вас.

Девица

Не се предавате кога е тешко, а вашиот идеален партнер ќе застане рамо до рамо со вас дури и во најтешките моменти. Во спротивно, лесно ќе го оставите и ќе тргнете во потрага по друг.

Човекот во кој ќе се вљубите мора да се обиде да го смири вашиот немир, но и да се тргне кога целиот свет ви е виновен.

Вага

Вашиот идеален партнер не е „краткорочен играч“. За да кажете дека некој е „вистинскиот“, тој мора да ја почитува вашата приватност, да ги сака вашите пријатели и родители, да биде романтичен и да ве поддржува дури и кога не сте во право.

Скорпија

Потребен ви е маж кој ќе се грижи за вас, и во и надвор од спалната соба. Идеален партнер за Скорпија е оној кој секогаш може да ве насмее и да донесе доза на возбуда во вашиот живот.

Бидејќи ве води страста во животот, нема да се согласите животот да го поминете со маж кој нема изразено либидо.

Стрелец

Потребен ви е весел и забавен маж, дете во душата што знае да сака искрено и истовремено знае да следи силна жена.

Ќе ве заведе една личност која е ентузијаст за вашиот оптимизам и знае како да ве поддржи во невозможни активности за кои често сте подготвени.

Јарец

Личноста на која ќе ѝ го дадете срцето мора да знае да ги руши sидовите што сте ги граделе околу вас, да ве увери дека ќе ви биде верна и лојална и ќе ве поддржува во остварувањето на вашите деловни амбиции.

Водолија

Сакате мажи со кои можете да имате интелектуални разговори, да споделувате со нив деловни амбиции и фантазии за животот.

„Вистинскиот“ ќе најде начин да стигне до вашето срце ако ве натера да се чувствувате ранливо и безбедно истовремено околу него.

Риби

Копнеете по маж кој е романтичен и можеби малку старомоден, по некој што ќе ве убеди дека витештвото сè уште постои. Страста е важна за вас, но не е примарна.

Ќе ве освои човек кој ќе разбере добро кога сте вознемирени за нешто и знае да ве теши и охрабри кога „сите бродови ќе ви потонат“.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi