Имате проблем за кој не можете да најдете решение? Еве како соништата можат да ви помогнат

23 декември, 2021
sky-3983433_1920-1536x1024

Ќе бидете изненадени од она што можете да го откриете

Честопати велат „утрото е попаметно од вечерта“, па затоа е подобро да почекате некое време за да донесете поголеми одлуки.

Ако навистина сте заглавени во проблем и тешко ви е да најдете решение, терапевтите ве советуваат да „спиете на тоа“.

Тоа е, да ги искористите своите соништа и да најдете начин да ги решите проблемите што ве мачат.

Како да ги искористите вашите соништа за да донесувате одлуки?

Совет е прво да купите тетратка во која ќе ги запишувате проблемите што ве мачат.

Не мора да навлегувате во детали или да давате специфичен опис, доволно е само да биде некакво општо прашање. На тој начин, ќе ја зајакнете вашата потсвест за проблемот што го имате.

После тоа, во истата тетратка запишете ги сите соништа што сте ги сонувале во следните неколку ноќи и набљудувајте ги како одговор на вашето прашање.

Многу е веројатно дека ќе се сетите на нешто што не ви се случило или дека ќе ви понудат креативно решение за вашиот проблем.

Ова се случува затоа што често оние емоции што ги отфрламе во текот на денот, нашата потсвест ги прифаќа додека спиеме. Обработува сè што ние самите во будна состојба не сме успеале да го обработиме и надминеме.

Постојат многу примери во праксата: Дмитриј Менделеев, кој го создал периодичниот систем на елементи, прво ги видел сите елементи во сон, потоа Алберт Ајнштајн, кој создал теорија за полето на релативноста откако сонувал за стадо крави што му дало инспирација.

Ова секако не значи дека треба да бегате од вашите проблеми и дека ќе се решат со спиење. Соништата можат да бидат само еден дополнителен чекор што ќе ви помогне полесно да најдете решение.

Во случајот на Ајнштајн, сонот за кравите можеби бил неопходен за да се поврзат одредени точки за проблемот, бидејќи тој размислувал многу за науката во текот на денот.