Италијанско село продава 250 куќи за едно евро: Сакаат да привлечат нови станари

15 октомври, 2021
village-36673951280-830x0

Оние што ќе одлучат да дојдат во селото ќе имаат полни раце работа бидејќи домовите се во прилично лоша состојба, но се пространи, имаат поткровје, тераси и балкони, па затоа имаат голем потенцијал.

Уште едно италијанско село понуди домови по симболични цени со цел да привлече нови жители, а овој пат тоа е селото Пратола Пелиња, оддалечено околу 150 километри од Рим.

Во ова село, властите продаваат околу 250 домови по цена од едно евро, со надеж дека ќе привлечат нови жители кои ќе ги реновираат и живеат во нив. Селото се наоѓа во регионот Абруцо во близина на Апенините, што значи дека некои од најдобрите италијански скијачки центри се многу блиску.

– Работиме на овој проект неколку години, избираме соодветни домови кои не беа дел од реконструкцијата по земјотресот. Нашата цел е повторно да заблескаме и да ја вратиме убавината на стариот центар, дури и да потрае – изјави локалниот советник Паоло Ди Бако за „CNN“.

Оние што ќе одлучат да дојдат во селото ќе имаат полни раце работа бидејќи домовите се во прилично лоша состојба, но се пространи, имаат поткровје, тераси и балкони, па затоа имаат голем потенцијал.

Меѓутоа, ако плановите за реновирање не бидат пријавени во рок од шест месеци, следува казна од 10.000 евра.