Издржливоста е клучна: Овие 5 вежби ќе го подигнат вашето ЛИБИДО и ќе ве направат маратонец во креветот! (ВИДЕО)

12 ноември, 2023
874295_screenshot-20210115-233736_ls

Студија од 2010 година покажува дека јогата ги подобрува сите сексуални функции кај мажите

Љубов, желба, интимност…без нив, секс не може да се замисли, а експертите наведуваат дека не треба да се потценува важноста на издржливоста.

Со несоодветна исхрана и мала физичка активност, вашата издржливост во кревет се намалува со возраста.

Сепак, според д-р Мајлс Спар, овие 5 вежби ќе го подигнат вашето либидо и ќе ве направат „маратонец“ во водењето љубов.

Вежби со тегови

„Научно е докажано дека тренингот со тегови позитивно влијае на сексуалната желба бидејќи го стимулира производството на тестостерон. Психолошките предности се исто така важни, бидејќи кревањето тегови доведува и до зголемување на самодовербата, а за многу жени тоа е неодолива машка особина “, вели Спар.

Тренинг со висок интензитет (HIIT тренинг)

„HIIT е еден од најдобрите начини за согорување на калории. Исто така, интензивното вежбање го намалува нивото на кортизол, хормон на стрес. Познато е дека зголемените нивоа на кортизол доведуваат до намалување на производството на тестостерон, а со тоа и до слабеење на либидото“, објаснува Спар.

Јога

Студија од 2010 година покажува дека јогата ги подобрува сите сексуални функции кај мажите, од контрола на ејакулација до зголемена сексуална желба. Исто така, јога-вежбите за истегнување ја подобруваат циркулацијата, го зголемуваат вашето ниво на енергија и доведуваат до поголема флексибилност, што вашиот партнер ќе знае да го цени во кревет.

Пливање

„Дали сакате да ги зајакнете вашите мускули, да ја зголемите вашата кондиција и да направите вистински кардио тренинг истовремено? Тогаш пливањето е вистинската работа за вас. Истражувањето на Харвард покажа дека луѓето постари од 60 години, кои редовно пливаат, имале сексуален живот на ниво на лица над 40 години, кои не пливаат редовно.

Кегелови вежби

Кегеловите вежбите, кои вклучуваат зајакнување и тренирање на таканаречените мускули на PC што ги користиме за запирање и контрола на мокрењето, се многу важни и за мажите и за жените.

Тие им овозможуваат на мажите да ја контролираат ејакулацијата и оргазмот и им помагаат на жените да ја релаксираат вагината, истовремено подобрувајќи го протокот на крв во гениталиите, со што се зголемува нивото на возбуда и се олеснува постигнувањето оргазам.

escort - Korsan taksi