ИЗМИСЛИЛ СОПСТВЕНО КИДНАПИРАЊЕ САМО ЗА ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ОД РАБОТА: Го најдоа со врзани раце и банана во устата

24 февруари, 2021
842183_a01-christian-monterrosa_ls

Тој беше уапсен на 17 февруари за лажно пријавување во полиција

Човек од Аризона бил толку очаен да се извлече од работа, што сам си организирал киднапирање, објавија властите.

Брендон Соулс (19) беше пронајден со рацете врзани зад грб и банана во устата во близина на водената кула на почетокот на овој месец, објавија локалните медиуми.

Соулс им соопштил на властите дека бил киднапиран од две маскирани лица и удрен во главата, по што изгубил свест.

Мажите потоа го избркале и го оставиле таму каде што подоцна го нашле, наводно им рекол Соулс.

Сепак, по спроведената истрага, детективите не најдоа докази дека се случило киднапирање, пренесоа медиумите.

Младиот човек тогаш им признал на властите дека „измислил приказна за да се извлече од работа“.

Тој беше уапсен на 17 февруари за лажно пријавување во полиција.

escort - Korsan taksi