Кинескиот ЉУБОВЕН ХОРОСКОП за ФЕВРУАРИ предвидува ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ, будење на старите ОДНОСИ и РАЃАЊЕ на нови!

1 февруари, 2021
ljubav

Според кинеската астрологија, владетел на месецот февруари 2021 година е Земјата Биво, а еве што предвидува месечниот кинески хороскоп за вашиот знак:

ГЛУШЕЦ (1900, 1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Во кинескиот календар, 12-ти, односно последниот месец од кинеската година, завршува на 11 февруари, што значи дека нè чека крајот, но и нов почеток. Ова е периодот кога ќе добиете вредни награди за целата ваша работа што ја вложивте во 2020 година. Конечно го добивате заслуженото и можете да направите големи планови за во иднина.


БИВО (1901, 1913, 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Ве очекува исклучително релаксиран и лесен месец. Бафалите во врските сакаат повеќе простор и слобода, додека на професионално ниво ќе постигнете успех благодарение на одличните идеи.

ТИГАР (1902, 1914, 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Ве чека среќен период – сè што започнавте ќе заврши добро. Успешно ќе се справите со деловни проекти и ќе направите успешен план за следниот период. Иако ќе чувствувате притисок во одредени фази на професионален развој, лесно можете да се соочите со каков било предизвик.

ЗАЈАК (1903, 1915, 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Луѓето родени во знакот на зајакот ќе решат необјаснети ситуации од минатото. Ќе бидете горди на себе и на вашиот успех. Во овој период, посветете се на своите желби и потреби, истражете ја својата душа и подобро запознајте се со вашето внатрешно битие.

ЗМЕЈ (1904, 1916, 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Ве чека стресен период, особено во полето на кариерата. Змејовите очекуваат и конфликти и несогласувања со членовите на семејството. Обидете се да најдете трпеливост за да ги слушате другите. Ограничувањата во комуникацијата може да доведат до пропусти.

Змија (1905, 1917, 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Можно е во месец февруари да ја запознаете вашата сродна душа. Привлекувате внимание и имате прекрасна енергија. Можно е да започнете романтична врска – отворете го срцето за нова љубов.

КОЊ (1906, 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Ве чека светлосна енергија – пред вас е тивок месец. Ќе имате време да фантазирате, визуелизирате и медитирате. Ова е одлично време да се прават планови за иднината.

КОЗА (1907, 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

horoskop


По тежок период ве очекуваат денови на успех и личен развој. Новата кинеска година ви носи шанса да напредувате и да стекнете нови знаења и вештини. искористете ја секоја можност!

Мајмун (1908, 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

Овој месец, ќе забавите и ќе одморите од професионалниот ангажман. Поголемиот дел од времето го поминувате со вашето семејство и сакате да обновите некои стари врски. Вашата комуникација е на завидно ниво.

ПЕТЕЛ(1909, 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Имате развиено способности кои ви помагаат да се претставите во вистинското светло, особено на професионално ниво. Ѕвездите ви носат среќа на полето за кариера и одлични идеи за просперитет. Добар период за професионален развој.

horoskop

КУЧЕ (1910, 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Месецот февруари ви носи поедноставна ситуација и решение за многу предизвици. Ќе имате среќа во областа на финансиите. Сега е вистинско време да ги прифатите промените и да го насочите вашиот живот во нова, подобра насока.

Свиња (1911, 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

Поради недостаток на мотивација, луѓето родени во овој знак можат да ги пропуштат важните можности во февруари. Долго гледате во затворената врата и не забележувате дека новата веќе е отворена. Вежбајте оптимизам и започнете да работите на вашата свест. Февруари е месец кога можете да научите многу кога станува збор за духовен и емоционален развој.