Краток тест за интелигенција: Дали сте доволно снаодливи за да ги решите овие детективски загатки?

6 март, 2021
235615_shutterstock-793309858_ls

Логичките загатки се одличен тренинг за мозокот. Решете ги овие загатки и проверете го Вашето нивото на интелигенција

Внимателно прочитајте ги прашањата и обидете се да ги решите овие загатки. Точните одговори ве чекаат на крајот од текстот.

1. Мистеријата на празен подрум

Енди е во подрум кој е покриен со многу земја и само еден прозорец кој е поставен многу високо. Во подрумот има и лопата, а Енди има 2 дена да избега од подрумот. Нема доволно време за копање тунели.

Што мислите, како успеа да избега?

2. Кој го украде прстенот?

Никол отишла во полициската станица и пријавила кражба на стариот прстен. Кога полицијата дошла во нејзината куќа, забележала голем хаос во куќата и дека прозорецот е скршен. На тепихот се гледаат стапалки, но немаше други знаци на провала. Следниот ден полицијата ја уапсила Никол за измама.

Зошто?

3. Отровен пијалок

Марија и Ана отидоа на пијачка. Нарачаа исти пијалоци, Ана беше многу жедна и веднаш го испи нејзиниот, додека Марија полека го пиеше својот.

Кој пијалок бил отровен ако само Марија се разболела?

Под сликата ќе ги најдете точните одговори …

1. Енди, со помош на лопата, направи куп земја под прозорецот и така успеа да го достигне и да излезе надвор.

2. Веднаш штом полицијата пристигна на местото на злосторството, тие знаеја дека Никол сама го сторила тоа. Стаклото од скршениот прозорец се наоѓало од надворешната страна на куќата, што значи дека било скршено внатре во куќата.

3. Отровот бил во мразот, и додека Ана го испила пијалокот веднаш, мразот немал време да се стопи.

escort - Korsan taksi