Лидија Кочовска за инает на коронавирусот!

16 февруари, 2021
ldija-nova

Лидија Кочовска нашата многу позната и се уште на многумина омилена поп-пејачка, како да се „скарала“ деновиве со пандемијата на коронавирусот, на душата ѝ даде простор за малку уживање. По дома веќе не се издржува, па темпераментната Лидија најде време со другарските да излезе на пијачка во едно кафуле, а таа дружба и самата кусо (преку Инстаграм) ја прокоментира: – Многу ве сакам девојки мои и одвај чекам пак вака да сме заедно! Се разбира, придржувајќи се кон сите здравствени мерки.

Инаку, за Лидија медиумите секогаш покажуваа/т голем интерес иако не е активна на естрадната поп-сцена како некогаш. На фестивалите поодамна не се натпреварува, а и нема со кого, со оглед на нејзините вокални способности. За песната „Ти си тој“, која некогаш ја испеала на еден фестивал, ќе каже дека во тој период била многу вљубена во тој човек. Дали во оној со кој стапила во брак, никој и до денес со сигурност не знае? За голем број нејзини фанови, бракот на Лидија ќе остане енигма, но не и за неа.

– По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, кусо тогаш објасни Лидија, но уште за покусо време се врати во Скопје, откако кусиот брак и се распадна.

Едноставно така требало да биде, ни прва ни последна. Животот продолжи понатаму, па денес Лидија е среќна личност, вработена во хорот на Националната опера и балет. Иако често пее и настапува на многу свирки и прави атмосфера за која потоа со денови се прераскажува, последната година поради короната Лидија не пее никаде, освен се разбира во операта. И тоа е голема среќа и радост да имаш редовна работа во ова време-невреме.

За оние кои уште не знаат (а, дали има такви?) таа е сестра на Тања Кочовска, зет ѝ е актерот Предраг Павловски, а нејзините родители се Невена и Панче Кочовски, кои некогаш беа дел од светски познатата (македонска) поп-група „Мањифико“.
-Еден период имав некои здравствени проблеми, се потврди дека стресот е главен причинител за речиси сите болести, а таква беше ситуацијата и кај мене, раскажа искрено Лидија во една пригода пред новинарите, потенцирајќи дека во животот се дружи само со весели, добро расположени луѓе.

– Од намќорите бегам како ѓавол од крст, тие се само нужно зло, објасни Лидија, секогаш подготвена да раскаже и по некој добар виц во добро друштво. Д.М.

escort - Korsan taksi